Сусан Делингер, доктор по науки, смислила забавен тест кој „открива“ дали ја работите работата за која сте родени, односно дали сте ја избрале вистинската струка која одговара на вашиот карактер. Методот на форми, на кој се базира овој тест, е одличен за препознавање на сопствените квалитети, но и маани кои не ни дозволуваат да напредуваме професионално.rnrnВнимателно разгледајте ги понудените форми и одберете една која најмногу ве привлекува, а потоа прочитајте го нејзиното значење во продолжение.rnrn
rn
Круг
rnНа вас најважни ви се меѓучовечките односи. Сакате луѓето околу вас да се среќни и задоволни, па често сте омилениот двигател во социјалните кругови. Многу сте емпатични, со луѓето ја делите среќата и тагата, сочувствувате и имате разбирање.rnrnОд друга страна, мааните како склоноста за озборување, неодлучност, мрзливост и самокритичност не ви дозволуваат да го пронајдете својот мир ниту пак признанието за успех.rnrnИдеални професии: домаќинка, писател, учител, глума, маркетинг, историчар, работник за човечки ресурси, угостител.rnrn
rn
Квадрат
rnРаботите напорно и многу, претпазливи сте и никогаш не оставате недовршена работа. Вашите доблести се стрпливост и методичност. Сепак, со оглед на тоа што ги анализирате сите детали во работата, тоа ја забавува вашата одлучност, па тешко напредувате.rnrnКај вас доминантна е левата страна од мозокот, па често логички размислувате од што ја слушате интуицијата. Вие поминувате часови во планирање на секој детаљ за тоа како да дојдете до некое решение.rnrnИдеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.rnrn
rn
Триаголник
rnВие сте роден менаџер. Реагирате брзо, анализирате, учите и впивате информации како сунѓер. Полни сте со самодоверба и настојувате секогаш да бидете во право, па често имате тешкотии да признаете грешка.rnrnСекогаш настојувате работите да ги држите под контрола, критични сте, иновативни, конкурентни и одлучни. Вашата маана ви е нетрпеливоста.rnrnИдеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, лидер на синдикатот.rnrn
rn
Правоаголник
rnПостојано се обидувате да седите на две столици. Не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Останатите ве гледаат како збунета личност со недостаток на самодоверба.rnrnОд друга страна, вие сте љубопитни и храбри. Немате страв да го направите она што досега не било направено или да го прашате она што другите го избегнуваат.rnrnИдеални професии: претприемач, аниматор, изведувач.rnrn
rn
Цик-цак
rnКако што и самата форма сугерира, вие сте креативна личност. Имагинацијата ви е силна страна, балансирани сте и способни сте да ја препознаете внатрешната убавина. Истовремено, многу сте немирни и не можете долго време да останете на едно место.rnrnПолни сте со идеи, но тешко ги остварувате бидејќи повеќе ве интересираат можностите отколку реалноста.rnrnИдеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, научник, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Расположени сте за уште еден тест? Кликнете на првото нешто што ќе го забележите и дознајте што ве измачува во моментов.rnrn
[/message_box]