КАФЕ ПАУЗА

Од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?

rn

6. Астрономија

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnХари имаше можност да учи и астрономија во Хогвортс. На фотографијата се наоѓа тетратка на Леонардо да Винчи, еден од најпознатите астрономи и иноватори. Во тетратка која била напишана помеѓу 1506-та и 1508-ма година, да Винчи пишувал на латински, и тоа од десно кон лево за никој да не може да му ги украде идеите. На оваа фотографија се прикажани сонцето и месечината кои ротираат околу Земјата, бидејќи во овој период се верувало дека Земјата е всушност центарот на вселената. Да Винчи исто така верувал дека месечината е покриена со вода и дека нејзината површина рефлектирала како конвексно огледало. Се разбира, погрешил и за ова.rn

7. Мапа со ѕвезди

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnХари го проучуваше ноќното небо со Аурора Синистра, вештерката која беше професор по астрономија во Хогвортс. Сигурно од корист му бил овој небесен глобус кој ја покажува положбата на ѕвездите на небото. Глобусот е направен во Венеција во 1699-та година, од страна на Винчензо Коронели кој се сметал за еден од најдобрите изработувачи на глобуси.rn

8. Коски за гатање

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnВеројатно се сеќавате дека професорката Минерва Мекгонагал сметаше дека гатањето е една од најпрецизните гранки на магијата. Роулинг ја добила оваа идеја од нешто реално. На фотографијата се гледа коска за гатање од кинеската династија Шенг која траела од 1600-та до 1046-та година п.н.е. Коската била гравирана, а потоа загревана со метални прачки и поради ова се кршела. Се верувало дека дезенот направен при кршењето е дело на духовите на предците, па шаманите се обидувале да го толкуваат неговото значење.rn

9. Врколаци

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnРемус Лупин, професорот по одбрана од мрачните сили, е еден од омилените професори на Хари. Но како што дознаваме, тој е врколак. Неговото презиме потекнува од латинскиот збор „lupus“, што значи волк. Ремус пак е името на еден од легендарните основачи на Рим кој бил одгледан од волчица.rn

10. Бувови

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnУчениците во Хогвортс можат да чуваат мачка, жаба или був како домашно милениче. Миленичето на Хари е Хедвиг, снежно бел був кој го доби како подарок од Хагрид. Снежно белите бувови прикажани и на сликата ловат во текот на денот и приквечер.rn

11. Феникс

rnОд каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“?rnrnВеројатно се сеќавате на фениксот во канцеларијата на Дамблдор кој изгоре, а потоа повторно се роди. И овој пат Роулинг нашла инспирација во историјата. Текстот прикажан на фотографијата потекнува од 13-тиот век и е наречен „Феникс“. Во него е опишана птица кој наводно живее во Арабија и има животен век од 500 години. Прикажано е како птицата сама си прави клада и гори, но потоа повторно се раѓа од пепелта.