КАФЕ ПАУЗА

Обожавате чај? Психолозите велат дека овие особини се заеднички кај сите љубители на овој топол пијалак

Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, па затоа и оние што редовно го консумираат се посмирени и подобри ги користат сите свои капацитети. Од друга страна пак, ако често пиете чај, постојат големи шанси дека имате бујна фантазија што ве прави значително покреативни од оние што го избегнуваат овој топол пијалак.rnrnobozhavate-chaj-psiholozite-velat-deka-ovie-osobini-se-zaednichki-kaj-site-ljubiteli-na-ovoj-topol-pijalak-www.kafepauza.mkrnrnТим психолози од Универзитетот во Пекинг објавиле истражување во кое биле вклучени 50 студенти во раните 20-ти години. Половина од студентите редовно пиеле црн чај, додека останатите пиеле обична вода во истите количини. Психолозите ги следеле нивните когнитивни и креативни вештини преку разни тестови.rnrnЗа првиот тест, студентите требало да креираат зграда од блокови со различни облици и големини, а за другиот тест тие требало да смислат име за ресторан. Нивните резултати потоа биле анализирани од експерти што не учествувале во тестирањето. Резултатите покаже дека студентите што секојдневно консумирале чај имале повисоки оценки за креативност на двата теста.rnrnПсихолозите предложуваат пиење чаша чај пред која било сложена задача со цел да ги зголемите вашите когнитивни вештини и креативни способности. Сепак, тоа не значи дека луѓето кои долго пијат чај ќе станат покреативни. Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, дозволувајќи ѝ на веќе постоечката креативност да излезе на површина. Тоа значи дека веќе треба да бидете малку креативни за таа да може да дојде до израз.rnrnПрочитајте ги и овие корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега.