Можете да го заборавите индексот на телесната маса, како и секојдневното качување на вагата, порачуваат научниците од бизнис училиштето Кас, откако ги прегледале здравствените податоци на над 300 илјади луѓе.rnrn
rnrnИмено, заклучокот од истражувањето е многу едноставен – доколку сакате да бидете здрави, вашиот струк треба да биде широк максимално колку половина од вашата висина.rnrnТаквиот обем на струкот е одличен показател на здравствената состојба и ризикот од развој на кардиоваскуларни болести бидејќи токму висцералните масти кои се таложат на струкот се најопасни за развој на висок крвен притисок и го зголемуваат ризикот од срцев удар.rnrnДоколку струкот ви е поширок за 15 см од половина од висината, животот ви се скратува барем за 2 години, покажало истражувањето.rnrnДоколку пак, струкот ви е поширок за половина метар во однос на половина од висината, ќе живеете 20 години пократко.rnrnЗатоа, согорете ги мастите во стомакот и заборавете на наталожените масти на бутовите и задникот, тие не претставуваат опасност по вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.