КАФЕ ПАУЗА

Новогодишна порака од духовен водач: На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме

Овој момент е совршено време да размислиме за своите неуспеси и грешки во духовна смисла. Дали сакаме да продолжиме да живееме исто како досега или извлековме некоја поука? Оваа порака ни доаѓа од Раданат Свами, спиритуален водач, општествен работник, активист и познат автор. Тој повеќе од 40 години е духовен учител, практикува Бакти јога и се смета за лидер на движењето Харе Кришна.rnrn(0)-novogodishna-poraka-od-duhoven-vodach-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnАко годината што измина била исполнета со страдање, треба да најдеме утеха во фактот дека сите казни и страдања на овој свет не се наменети за казнување, туку за корекција. Денес е добар ден да медитираме за тоа што навистина го сакаме во животот.rnrnЗа тие кои што редовно практикуваат некој спиритуална пракса, многу е важно понекогаш да направите некоја промена во животот. За да го трансформираме своето срце и да го поврземе со Бог потребен ни е водач и засолниште. На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме и одлучно да тргнеме по тој пат.rnrnЗа да го постигнеме тоа што сакаме во нашите животи, потребна ни е голема сила и дружење со сериозни и искрени личности. Исто така треба да одлучиме да најдеме засолниште во светото име на Бог и трезвено да се потсетиме дека денес сме еден чекор поблиску до смртта. Истовремено важно е да се медитира за смислата на животот што ќе ни гарантира вечен живот, над привременото постоење на овој свет.rnrn[/message_box]