Неколку дена пред Интернационалното мото шоу 2013 кое ќе се одржи во Женева, Швајцарија, британскиот производител на автомобили „Мекларен“ го промовираше својот нов супер автомобил „P1“. Од компанијата потврдија дека моделот ќе се појави во продажба оваа есен, а неговата цена ќе изнесува 866.000 фунти.
Моќното возило ќе развива брзина од 100 километри на час за помалку од 3 секунди, додека 200 за нешто помалку од 7. Максималната брзина која ќе може да ја достигне ова возило ќе изнесува 350 километри на час.




rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
