КАФЕ ПАУЗА

Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

Мислите дека сте безбедни од коронавирусот ако го поминувате времето во вашиот дом? Тоа би можело да биде точно, но само ако не ги практикувате овие нездрави навики.rnrnНездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се домаrn

1. Не се грижите за нередот околу вас

rnСега кога вашиот дом стана истовремено и работно место, теретана и место за одмор и медитација, нередот на кој инаку не му обрнувавте внимание може негативно да влијае на вашето ментално здравје.rnrnПоради тоа, одвојте десет минути секоја вечер пред спиење за да ставите сè на своето место.rn

2. Не чистите темелно

rnМногу е важно да обрнете внимание на темелното чистење на површините бидејќи токму таму микробите и бактериите остануваат најдолго. Иако научниците сè уште го проучуваат Ковид-19, истражувањата откриле дека вирусот може да живее 72 часа на пластични површини и 4 часа на бакар.rnrnРаботните плочи во кујната, рачките на вратите, држачите на скалите и играчките се површини на кои вирусот може да живее со денови.rn

3. Не ги менувате филтрите за воздух

rnКвалитетот на воздухот е клучен за одржување на здравјето, особено сега кога поминувате поголем дел од времето во вашите домови. Ако често го користите клима-уредот без редовно да ги менувате филтрите, дозволувате воздухот исполнет со бактерии, микроорганизми, прашина и други загадувачи слободно да се движи низ вашиот дом. Тоа може да доведе до појава на симптоми како главоболка, замор, гадење, иритација на очите, носот и грлото.rn

4. Не ги соблекувате чевлите кога влегувате во вашиот дом

rnСоблекувањето на чевлите е корисна мерка на претпазливост за да избегнете ширење на микробите и на бактериите во вашиот дом.rnrnИстражувањето кое е спроведено од страна на Универзитетот во Аризона открило шокантни резултати. На чевлите што ги испитувале научниците, тие откриле дека во просек има 421.000 бактерии од надворешната страна на чевлите и 2.887 од внатрешната страна.rn

5. Не ги кревате ролетните

rnАко ролетните ви се постојано спуштени во текот на денот, време е да ја прекинете оваа нездрава навика. Сонцето е многу важно за вашата физичка и психичка благосостојба и го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Исто така, го намалува крвниот притисок и ви помага да имате поквалитетен сон.rn

6. Не ги миете рацете откако ќе влезете во куќата

rnНа овој начин го доведувате целото ваше семејство во опасност од ширење на вирусот или на други бактерии. Според центрите за контрола и спречување на болестите, миењето раце може да спречи околу 30% од заболувања поврзани со дијареја и околу 20% од респираторните инфекции. Затоа, миењето на рацете е важен фактор во борбата против ширењето на Ковид-19.rn

7. Постојано користите мирисливи свеќи

rnМирисливите свеќи се направени од парафински восок кој испушта токсини во воздухот.rnrnСвеќите што горат во затворен простор може да ослободат голем број токсични хемикалии, вклучително и ацеталдехид, формалдехид, акролеин и други штетни материи.rn

8. Не се поместувате од каучот

rnСамоизолацијата звучи како голем изговор за да ги изгледате сите пропуштени серии на Нетфликс и да ги прегледате сите репризи. Сепак, лежењето на каучот со часови може да влијае на вашето ментално здравје.rnrnТреба да знаете дека постои поголем ризик за развој на депресивни симптоми кај луѓето кои поминуваат повеќе од шест часа на ден гледајќи телевизија или користејќи компјутер.rnrnПогледнете кои 7 навики ја продолжуваат младоста.