Постојат корисни навики што ќе направат годините да бидат само број, а во продолжение прочитајте кои 7 навики ќе ви помогнат да изгледате помладо.rnrn
rn
1. Правилно будење
rnНаутро треба добро да се истегнете, да размислувате за нешто убаво и нежно да ја масирате главата. Масажата ќе ви помогне да се разбудите, да го активирате лимфниот систем, да го подобрите расположението и да го подобрите квалитетот на косата.rn
2. Активирајте се со вода
rnВодата совршено ги апсорбира и ги запомнува сите информации. Додека пиете вода, во себе кажете си искрени зборови, заблагодарете се, размислете за љубовта што ја чувствувате кон себе, кон вашите најблиски и кон универзумот и размислете за замислените желби. Ќе видите дека вашите желби наскоро ќе почнат да се остваруваат. Ова е стара, докажана техника што ја практикуваат многу луѓе.rn
3. Вклучете хелда и магдонос во вашата исхрана
rnСамо 150-200 грама хелда и магдонос во секојдневната исхрана може да придонесат за намалување на килограмите. Вашата кожа ќе ви биде благодарна, ќе имате повеќе енергија и вашето здравје ќе се подобри.rnrnХелдата ги надминува сите житарки според содржината на железо. Количината на елементи во трагови е поголема од 37% и таа го обезбедува организмот со хемоглобин и ја регулира функцијата на снабдувањето на организмот со крв.rnrnКашата од хелда го снабдува телото со калиум, што помага да се зајакнат коскеното ткиво и васкуларните ѕидови, помага во одржувањето на рамнотежата на вода и сол, а високото ниво на флавониди, кварцетин и рутин ја намалуваат пропустливоста на крвните садови и ги зајакнуваат.rnrnХелдата е особено корисна во исхраната на бремените жени и на децата, како и во постоперативниот период и во превентивните мерки против ракот и против некои други болести.rnrnВисоката содржина на диетални влакна ја прави хелдата неопходна намирница за дијабетичарите. Влакната помагаат во намалување на нивото на шеќерот – таа почнува да дејствува еден или два часа по консумирањето. Го подобрува варењето на храната и ја стимулира работата на дебелото црево.rnrnХелдата е одличен антиоксидант затоа што содржи фолна киселина, токоферол и селен и овозможува брза елиминација на слободните радикали од телото, го намалува холестеролот и ги регулира функциите на нервниот систем.rnrnХелдата штити од вируси и од патогени бактерии.rn
4. Исправете го грбот, поправете го држењето на телото
rnПодбрадокот и дебелото лице најдобро ќе ги скриете со соодветно држење на телото. Исправете ја главата и држете ја брадата паралелно со подот.rn
5. Насмејте се
rnУстата нека ви биде опуштена, а лицето со половина насмевка. Ваквиот израз на лицето ќе ги воодушеви другите и ќе ги натера и тие да се расположат. Ова ќе го подобри и вашето расположение затоа што насмевката ќе му сигнализира на вашиот мозок дека сте среќни.rn
6. Прегрнете ги вашите најблиски
rnПрегрнувањето ве прави среќни, ги зајакнува мускулите на срцето, го подобрува расположението, ги воодушевува присутните и предизвикува лачење на хормонот на среќата.rn
7. Вежбајте
rnНе мора тоа да биде тренинг во теретана, доволно е секое утро да правите неколку правилни вежби кои ќе го раздвижат вашето тело. Вежбите ќе го разбудат телото, ќе ги стимулираат органите и ќе придонесат за здравјето на целото тело.rnrnПрочитајте ги овие 3 едноставни и евтини начини како да изгледате помладо.