Градот со богато минато, одлично вино и прекрасна архитектура во близина на Париз, е дом на една од најневообичаените шуми во светот. Џуџестата букова шума во Ремс е најголема од ваков вид. Затоа, Faux de Verzy е вистинската адреса за сите љубители на необичните растителни видови, но и за оние кои уживаат во природата.rnrn
rnrnОвие невообичаени форми на буки може да се најдат и во Германија, Шведска, Данска и на други места, но само во Ремс има дури 1000! Џуџестите буки не можат да растат повеќе од пет метри, но тоа не е единственото интересно нешто за нив. Најинтересни се густо поставените гранки кои создаваат чудни форми, што ги прави идеална позадина за некој научно-фантастичен филм.rnrnЕкспертите немаат одговори на прашањата за причината за необичните форми. Отпрвин се сомневале во почвата, но дури и кога биле пресадени, тие сè уште живеат во согласност со необичните карактеристики. Не станува збор ниту за други карактеристики на животната средина. Најверојатното објаснување е во генетските мутации предизвикани од бактерија, но сè уште не е пронајден виновникот. Како и да е, ако патот ве води до Ремс, не пропуштајте да го посетите овој некој чуден феномен со кој се гордеат Французите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие фотографии од полиња со лаванда сликани со дрон во Јужна Франција.
Невообичаена шума која ги збунува ботаничарите
