rnrn
rnrn7 месеци подоцна, нивното машко дете Крос Ален Џоунс се родило со царски рез.rnrn
rn
„Воодушевена сум од ова мало слатко чудо. Тоа што го добив преку сурогат мајка не беше лесно, и дефинитивно не беше лесно за Пети. Но, тоа што го имам прави сета напорна работа да се исплати.“
rn
rn
„Сега не можеме да кажеме дека ќе имаме повеќе деца. Би сакала големо семејство, но ќе биде тешко да го повториме процесот. Исто така имаме разговарано и за посвојување, но и тоа е исто така скапо. Ќе оставиме на Бог да ни го покаже патот. “
rn
rnrnРеакциите за среќната, и по малку необична приказна на семејството ѝ биле интересни на Кајла.rnrn
rn
„Најмногу имавме добри реакции. Некои луѓе сметаа дека е чудно, но кога би го разбрале процесот можеби би го смениле мислењето.“
rn
rnrnХеројот на приказната, баба Пети, се чувствува одлично и наскоро се враќа на работа. Се чувствува благословено што била дел од ова патување.rn
„Сакам да додадам дека целото наше семејство беше неверојатно. Тие нè поддржуваа и емоционално и финансиски. Сакам да го гледам Крос со сите негови баби и дедовци“, изјавила Кајла.
