Без разлика дали сте во долга врска, имате цимери или живеете сами, едно е сигурно: на сите ни треба малку време да бидеме сами и да правиме нешта кои никогаш не би ги направиле пред некој друг. Еве кои се тие…rn
Да седите дома без облека
rnЕдна од најпознатите навики кои обично ги чуваме во тајност, но зашто да се лишуваме од неа?rn
Да јадете во кревет
rnТогаш не би морале да слушате ничии наредби и не ќе мора да се грижите за трошките наоколу.
rn
Да користите лосиони
rnМаска за лице, маска за коса, купка за тело, сета нега и сето време само за вас.rn
Да танцувате без ограничувања
rnИграте, согорувате калории и ги усовршете вашите танчарски вештини.
rn
Да ја користите четката како микрофон
rnШтета што никој нема да дознае за вашите извонредни вокални способности.rn
Да пиете директно од шише
rnЗошто да нарачувате и чаша?
rn
Да си направите маратон од серии (макар и лоши)
rnПа, нели викендот е создаден за ова?rn
Да не се пресоблекувате
rnОсобено ако сте настинати и не излегувате два дена од дома, нема потреба да ги менувате алиштата.rn
Да јадете со сласт
rnЈадете од тавче – така е повкусно.rn
Да си ја пуштите истата песна илјада (и уште илјада) пати
rnАко не сакате да слушате друго, зошто да слушате?rn
Да ви биде растурено
rnНе очекувате никого, така што….rn
Да не носите долна облека
rnНеносењето градник два дена е непроценливо, ние девојките тоа најдобро го знаеме.rn
Да пробувате провокативни движења пред огледало
rnМожеби токму тие ќе го примамат првиот пијалак со идното момче.
rn
Да се протегнувате насекаде во текот на ноќта
rnВо креветот, на гарнитурата, во кујната, каде што душа ќе ви посака.rn
Да си зборувате сами со себе или пак со домашното милениче
rnЌе се уверите дека сте подобар соговорник отколку „утката“ со која излеговте последниот пат.
rn
Да експериментирате со шминката
rnПостојано си пробувате нови начини на шминкање и ги усовршувате, тоа е најдобро кога се прави дома, не сакате да дозволите надвор да изгледате чудно.rn
Да се напиете чаша вино
rnПа дури и ако ви се припие во 11 наутро.
rn
Да ги јадете истите работи во секој оброк
rnСторете го тоа, нема потреба да јадете нешто што не ви се јаде.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

