Норвешкиот фотограф Шел Блок Сандвед ја посветил неговата фотографска кариера, сликајќи ја убавината на светот во којшто живееме. Воедно, направил воодушевувачка колекција со фотографии од пеперутки со зачудувачки шари на нивните крилца. Благодарение на неговиот остар вид, Шел забележал спектакуларни природни дизајни на пеперутките, кои неверојатно многу потсетуваат на буквите од азбуката и едноцифрените броеви. Како резултат на тоа, тој ја оформил фотосеријата „Butterfly Alphabet“.rnrn
rnrnВо оваа колекција тој собрал крилца од пеперутки со сите 26 букви од американската азбука, како и со едноцифрените броеви од 0 до 9. Откако ја открил целата азбука низ колоритните крилја на пеперутките, Шел на неговиот веб-сајт започнал да им нуди на муштериите, не само шанса да купат постер со сите букви, туку и да си нарачаат постер по желба со принтови од различни зборови, спелувани со овие уникатни букви, создадени од „мастилото“ на природата.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.