Автор: Марија Митева
Појавувањето на месечината постојано се менува и влијае врз нас повеќе отколку што можете да замислите. Ова се неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за нашиот природен сателит.rn
1. Навечер нè држи будни
rnНауката е далеку од убедлива по ова прашање, но во некои истражувања се тврди дека на полна месечина е потешко да заспиеме и додека трае ни го крати времето за спиење за околу 20 минути.
rn
2. Никогаш не е кон нас свртена со задната страна
rnСекогаш ја гледаме истата страна на месечината, бидејќи се врти околу својата оска со иста брзина со којашто се движи околу земјата (познато како синхронизирана ротација). Од овде потекнува верувањето дека постои „темна страна“ на месечната.
rn
3. Месечината е причина за постоењето на месеците
rnПотребно е отприлика еден месец за месечината да ја обиколи земјата. Лунарното движење се комплетира за отприлика 27 дена, но потребни му се уште два дена или вкупно 29,5 дена за да премине на следната фаза. Бидејќи ни е тешко да пресметуваме со половина ден, затоа заокружуваме на 30.
rn
4. Има големи амплитуди во температурата
rnНа месечината е многу потопло и многу поладно одошто на Земјата. Температурата се движи од +127 степени Целзиусови до -138 степени Целзиусови. Бидејќи на месечината нема воздух температурните разлики се екстремни.
rn
5. На месечината ќе тежите помалку
rnДоколку вашата тежина изнесува 90 кг на земјата, на месечината би имале 15 кг и би можеле да рипнете многу повисоко отколку на земјата.
rn
6. Месечината ви го подобрува ударот
rnАстронаутот Алан Шепард го удрил голф топчето со 63 метри во секунда додека бил на месечината. Неговата позната реченица после удирање на топчето била: Милји, милји и милји.
rn
7. Секоја полна месечина во текот на годината има свое име
rnЈануари е волк или стара месечина, февруари е снег на гладна месечина, март е чавка, кора или црвлива месечина итн.
rn
8. Луѓето веќе почнаа да ја загадуваат месечината
rnСледниве работи се оставени од луѓето на месечината: камера, отпад, комеморативни плочи, американско знаме и огледалца коишто НАСА ги користи за мерење на далечината меѓу земјата и месечината.
rn
9. Месечината во еден момент била на работ на разнесување
rnЗа време на студената војна Соединетите Американски Држави, биле со намера таму да чуваат нуклеарно оружје за да демонстрираат сила над Русите.
rn
10. Сенката на месечината е потемна
rnПрвите астронаути кои биле на месечината откриле дека недостатокот на атмосфера ги прави сенките многу потемни. Сè што не било директно изложено на сонце имало сенка со голем интензитет. Доколку би ја спуштиле раката врз сенката би имале чувство како да ви исчезнала. Од овие причини одржувањето било многу отежнато, бидејќи алатот се губел во сенките.
rn
11. Месечината е причина за плимата и осеката
rnМесечината е повеќе е привлечена од онаа страна на земјата кон која што е поблиску, а помалку од спротивната страна. Па, затоа таа ја предизвикува плимата и осеката на океаните.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

