Добро е кога знаете што точно сакате, особено кога се работи за љубов и љубовни врски. Секогаш треба да бидете искрени со партнерот за да одбегнете голем број недоразбирања. Контролата и препуштањето на емоциите одат рака под рака. За да успеете во љубовта и да го добиете она што го сакате, мора да ги имате и двете.rnrn
rnrnПод контрола се подразбира поставување одредени граници кои ќе ги почитувате 80% од времето. Овие граници служат за да ве спречат да се вљубите во момче кое не е вистински заинтересирано за вас. За да ги одбегнете оние кои сакаат само да ве однесат во кревет, но сепак да бидете достапни за оние кои имаат искрени чувства кон вас, мора да знаете кога да изгубите контрола. Не смеете да бидете толку строги, бидејќи така нема да го добиете она што го заслужувате. Со други зборови, морате да бидете отворени и подготвени на сѐ.rnrnНа пример, да речеме дека момчето од вашите соништа според вас треба да ги исполнува следниве критериуми:rn
- rn011
- Да има добра и стабилна работа.
- Да живее сам.
- Да има добар автомобил.
- Да биде романтичен.
- Да биде фин со вашите пријателки.
- Да ве сака безусловно и безрезервно.
- Да има цврсти стомачни мускули и блескава насмевка.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСето ова звучи одлично, но што ако запознаете момче со кое навистина си одговарате, има одлична работа, но има некој килограм вишок? Или можеби е премногу романтичен, но вози некоја крнтија. Дали ќе го одбиете само затоа што не го исполнува секој критериум од листата? Да се надеваме дека не.rnrn
rnrnАко веќе морате да направите листа, подобра е да направите листа на помалку работи за кои во никој случај не би направиле компромис. Нешта кои се неприфатливи за вас бидејќи се судираат со вашите вредности или би ве направиле навистина несреќни. Тука може да спаѓаат работи како пушење цигари или недостаток на слична смисла за хумор.rnrnМногу поважно е да знаете што не сакате и да се држите подалеку од тоа. Животот е авантура и запознавањето нови луѓе е дел од забавата. Немојте да ја пропуштите поради вашите стереотипи и предрасуди! Сите имаат недостатоци кои можеби никогаш не се помислиле дека би можеле да ги прифатите, но откако сте запознале одредена личност, токму тие несовршености ви станале омилени.rnrnПоставете реалистични граници кои нема да бидат површни и бидете отворени да ја прифатите љубовта во која било форма и да се најде пред вас. Само така ќе можете да го добиете она што го сакате и да победите во неизвесната игра на љубовта.