Постојат многу уникатни места кои можете да ги изнајмите на Airbnb. Можете да најдете замоци, куќи на дрво, локомотиви и речиси сè што ќе ви падне на ум. На веб-сајтот има над 2 милиони места за изнајмување, а многу од нив се навистина посебни. Но со толку голем избор, може да биде навистина тешко да се одлучите. Па во продолжение погледнете 5 интересни места кои можете да ги изнајмите ширум светот.rn
1. Замокот Борџија
rn
rnrnrnЦена од вечер: 1.329 долариrnrnЛокација: Тоскана, ИталијаrnrnОвој замок со 7 спални соби некогаш бил дом на семејството Борџија. Во замокот собира 13 луѓе, има поглед кон езерото Трасимено и околното село, а исто така има базен и терен за тенис. Можеби цената ви изгледа висока, но ако убедите уште 12 пријатели, ќе преноќите овде за 105 долари од вечер.rn
2. Студиото за пишување на Џон Стајнбек
rn
rnrnЦена од вечер: 205 долариrnrnЛокација: Пацифик Гроув, КалифорнијаrnrnДали имате проблеми со пишување на вашиот роман? Тогаш оваа удобна куќичка, која некогаш била во сопственост на Џон Стајнбек, ќе ја разбуди вашата креативност. Добитникот на Нобеловата награда живеел во оваа куќа во 1940-тите, додека работел на својот роман „Морето на Кортез“ (The Sea of Cortez). На истиот имот достапни се уште две малку поголеми куќи за изнајмување.rn
3. Кулата часовник Свети Панкрас
rn
rnrnЦена од вечер: 160 долариrnrnЛокација: Лондон, Велика БританијаrnrnЕдно од најуникатните места во Лондон е скриено во огромна кула часовник на врвот на меѓународната станица Свети Панкрас. Приватниот апартман за гости е дел од поголем двособен апартман кој има сопствена бања, кујна и дневна соба, и се разбира неверојатен поглед кон градот.rn
4. Гостилница куче
rn
rnrnЦена од вечер: 132 долариrnrnЛокација: Котонвуд, АјдахоrnrnЉубителите на кучиња сигурно ќе сакаат да го посетат ова место. Куќата во форма на куче има место за 4-ца и е блиску до многу знаменитости од овој регион. Уникатната градба е во сопственост на двајца уметници кои создаваат скулптури слични на оваа куќа. Кучињата, се разбира, се добредојдени.rn
5. Кампот Вандавега
rn
rnrnЦена од вечер: 550 долариrnrnЛокација: Елкхорн, ВисконсинrnrnДали сакате да искусите летен камп како од филмовите? Тогаш ова е местото за вас. Кампот Вандавега има рустикални кабини и многу активности како стрелаштво и кајакарство. Кампот вообичаено прима големи групи кои бараат приватен одмор, но можете да изнајмите некоја од кабините со 3 соби (во кои собира 5 луѓе), а исто така можете да изнајмите и кабина за 12 луѓе.rnrnАко навистина сакате да патувате, тогаш дознајте нешто повеќе за бесплатното сместување на Каучсурфинг.
