Сакате новата сезона да ја дочекате во добра форма? Особено сте заинтересирани за рамен, затегнат стомак? Тогаш ви препорачуваме да ги држите овие 8 „непријатели“ на сигурна далечина, и секако, да воведете интензивно вежбање на стомачните мускули за најбрзи и најдобри резултати.rnrn
rn
1. Засладувачи
rnПознатата замена за шеќерот по хемиски состав е алкохол, но е изведена од молекулот на шеќерот. Во засладувачите има сорбитол, манитол и други состојки, кои често можете да ги пронајдете во многу колачи, особено во мафините. Бидејќи вашиот дигестивен тракт не може да ги апсорбира, тие не се ваши најдобри пријатели и може да предизвикаат гасови, надуеност и дијареја.rn
2. Газирани пијалаци
rnКока-колата и сличните газирани пијалаци може да го наполнат вашиот стомак со воздух, па ќе се чувствувате надуено. Наместо газирани пијалаци, пијте вода или пијалаци без калории кои се богати со антиоксиданси.rnrn
rn
3. Сирова храна
rnОбработената сирова храна може да биде прилично тешка за варење и да доведе до насобирање тежина во стомакот. Три зготвени домати имаат еднаква доза хранливи состојки како и три сирови, но многу подобро и побрзо се варат. Најдобро е да консумирате само зготвена храна или многу мали дози сирова храна.rn
4. Лута храна
rnХраната зачинета со бибер, чили, лук, сенф, рен и каранфилче може да го стимулира ослободувањето киселини во стомакот, што доведува до чести иритации.rn
5. Претерано внесување јаглехидрати
rnБело брашно, банани и паста што се полни со гликоген не се најдобриот пријатели на вашиот стомак, бидејќи само 1 грам гликоген насобира и до 3 грама вода. Па, доколку утредента не трчате маратон нема потреба да консумирате толкава количина јаглехидрати. rnrn
rn
6. Гуми за џвакање
rnМожеби се добри за здивот, но зарем не знаете дека гумите за џвакање може да предизвикаат повраќање? Кога џвакате вие голтате воздух, а тој воздух се „гуши“ во дигестивниот тракт што потоа може да доведе до повраќање.rn
7. Пржена храна
rnОбожавате помфрит, а крофни? Сега е вистинско време за да се поздравите со нив. Целата пржена храна потешко се вари и предизвикува да се чувствувате забавено и надуено. Време е да се соочите со вистината: Пржената храна е лоша храна!rn
8. Намирници кои предизвикуваат гасови
rnНекои намирници едноставно предизвикуваат повеќе гасови од други и го иритираат вашиот дигестивен тракт. Помеѓу нив се пиперките, зелката, лукот, брокулата, карфиолот и цитрусните овошја.rnrnДоколку овие намирници треба да ги избегнувате, погледнете кои видови намирници се одлични за рамен стомак.