Дизниленд во последно време стана многу популарна дестинација за запросувања, свадби и фотосесии, но фотосесијата на оваа жена стана вистинска Интернет сензација и инспирација за сите девојки ширум светот. 27-годишната Брук Лоури отсекогаш сонувала за вечна љубов и верувала во среќните краеви на познатите Дизни цртани како што се „Пепелашка“ или „Малата сирена“. Таа мислела дека конечно го нашла нејзиниот принц на бел коњ и со цел да ја прослават нивната веридба, таа испланирала фотосесија на најволшебното место во светот – Дизниленд.rnrn
rnrnЗа жал, љубовните врски во вистинскиот свет немаат секогаш среќен крај и свршеникот на Брук ја откажал венчавката само неколку недели пред закажаната фотосесија. Брук сакала да ја откаже и фотосесијата, но наместо тоа одлучила да извлече нешто корисно од целата ситуација.rnrn
rn
„По неколку дена размислување си помислив ’Знаеш што? Нема шанси! Твојата бајка нема да заврши вака! Ти ќе се чувствуваш прекрасно, ќе имаш прекрасен ден и прекрасни фотографии кои секогаш ќе ти останат како спомен’“, изјавила Брук.
rnТаа го опишува денот како горчливо сладок, но сепак професионалните фотографии се доказ дека таа навистина изгледа како Пепелашка, со или без принц.rnrn
rn
„Имаше неколку гости кои ме прашаа која принцеза сум и тоа навистина ми го разубави денот. Искрено, искуството не можеше да биде поубаво“, објаснува Брук.
rnПо фотосесијата, Брук ја тргнала настрана идејата дека „еден ден ќе се појави нејзиниот принц“ и почнала да се фокусира на себеси. Во јули таа се преселила од Калифорнија во Нешвил, Тенеси за да го започне следното поглавје од нејзиниот живот како личен асистент, иако претходно работела во „Disney Animation Television“. Таа не е сигурна каква иднина ја чека, но нејзините мисли се позитивни и оптимистични.rnrn
rn
„Бев во сериозна врска 10 години и мислам дека е време да се фокусирам на она што можам да му го подарам на светот. Се надевам дека повторно ќе работам за Дизни и ќе успеам да дадам свој придонес во серијата на Дизни принцези кои беа мојата инспирација уште кога имав само 3 години.“
rn
rnrnБрук ја завршила нејзината магична фотосесија гледајќи го огнометот над замокот во Дизниленд и одново ја пронашла храброста и внатрешниот мир. Таа се надева дека еден ден ќе може да ги покаже овие фотографии на ќерка ѝ како пример за тоа дека не треба да се биде жртва, туку дека треба да се преземе контрола врз сопствениот живот.rnrn
rn
„Вие ја имате моќта да најдете убавина и магија во секој ден за себеси и за другите. Животот е бајка полна со еден куп нови почетоци и среќни краеви. Сите ја носиме магијата во себе!“, завршува Брук.
rn