Знаете ли како се нарекува оној кој никогаш не греши? Досадна личност. Сигурно мислевте дека тие се всушност совршени, но овде станува збор за вистинските луѓе кои постојат. Сите сме чуле за мотивационите клишеа како Томас Едисон направил милиони обиди пред да ја направи сијалицата (иако на Тесла му требале само два дена) и како Опра најпрвин била отпуштена од работа бидејќи „не изгледала добро на телевизија“, но приказните за (не)успесите на славните сѐ уште изгледаат безначајно кога ќе се земе предвид фактот дека го знаеме нивниот крај.rnrn
rnrnКога си го враќате егото во првобитната состојба откако ќе доживеете огромен неуспех, тешко е да ја видите поголема слика во сопствената приказна. Чудно е што нам, луѓето, сѐ уште ни е тешко да признаеме дека сме направиле грешка, дека сме згрешиле од некоја причина, иако тоа постојано го правиме. Но, тоа не значи дека сме неспособни.rnrnНа пример, една личност може да биде рок ѕвезда на работното место и да биде најдобриот работник, но да прави стотици грешки работејќи на секој нов проект, или да ја гори вечерата два пати неделно, или да го заборава кучето во паркот. Често, малите, па дури и големите грешки не значат неуспех.rnrnВсушност, грешките имаат своја корист бидејќи тие се мини лекции како да станеме подобра личност. Кога не ги сакате чувствата кои ве обземаат кога ќе погрешите, знаете дека во иднина тоа нема да го повторите. Во оној момент кога ќе прифатите дека грешките се истовремено и неизбежни и корисни, животните предизвици ќе изгледаат помалку страшни.rnrnСекогаш имајте на ум дека единствените личности кои не прават грешки се оние кои се плашат да направат нешто ново. А, да немате никаква авантура во својот живот е онаа грешка која не треба да ја толерирате. Излезете од вашата „удобна зона“, ризикувајте, правете ги работите кои другите не ни помислуваат да ги направат за да можете да го живеете животот кои другите не можат да го живеат.rnrnСекоја грешка што ќе ја направите по патот е само една смешна анегдота која ќе ја раскажувате на своите најблиски кога ќе се потсетите на патот кој сте го оделе за да стигнете до својот личен успех и напредок. Нема каења, само лекции.
Не заборавајте: Грешките се доказ дека се обидувате
