rn
12. Зошто ми се затнува само едната ноздра на носот?
rnСе затнува само едната ноздра затоа што двете си ја делат работата меѓу себе и кога едната е затната другата се бори да ја изработи целата работа за која се задолжени и двете. Тоа е регулирано од истиот дел на мозокот кој ги регулира и дишењето, биењето на срцето и варењето на храната.rnrn
rn
13. Што се случува ако ги задржуваме гасовите во себе?
rnГасовите се природен дел од процесот на варењето на храната. Чувството дека имате гасови значи дека телото има вишок од нив и сака да ги исфрли надвор. Не е пристојно да ги испуштате во секаква прилика, а кога се наоѓате во една таква, можете да ги задржите и потребата да помине. Не е страшно ако се прави ретко, но ако се прави постојано тогаш ризикувате добивање на хемороиди или подуени црева. Доброто во целата ситуација е тоа што сè што сте чувале во текот на денот, излегува ноќе за време на сонот.rnrn
rn
14. Зошто повраќаме кога ни е лошо?
rnСе повраќа поради три причини: иритација на стомакот, иритација на мозокот и проблеми со хормоните. Овде проблемот е во иритацијата на мозокот. Кога ви е лошо тој смета дека телото се труе и веднаш се впушта во акција за отстранување на она што е во стомакот.rnrn
rn
15. Зошто сакаме да пееме под тушот?
rnНауката ни на ова прашање нема дефинитивен одговор, но има две теории. Според едната, моментот кога сме сами под тушот дава ментална удобност која поттикнува на песна. Според друга, метално-пластичното опкружување под тушот дава посебен акустичен ефект, така што ги крие несовршеностите во гласот и дава можност да уживаме во илузијата дека сме добри пејачи.rnrn
rn
16. Зошто побелува косата?
rnКосата нема своја боја. Начинот на кој ние ја перципираме зависи само од излачувањето на нејзиниот пигмент. Кога телото старее, пигментот се излачува сè послабо, а косата си ја врќа својата природна боја – бела или сива.rnrn
rn
17. Зошто мажите имаат брадавици на градите?
rnОдговорот е изненадувачки: затоа што сите мажи почнале како жени. Секој започнува како жена во утробата на мајката затоа што ембрионот е дел од мајката. Дури по 60 дена од бременоста се појавува тестостеронот и плодот го развива во машко бебе. Сепак, она што се развило дотогаш, останува такво какво што е.rnrn