Многу често можеме да забележиме дека одредени просечни мажи, што се однесуваат самоуверено, се многу поуспешни на љубовното поле одошто оние што имаат попривлечно лице. А сега конечно имаме објаснување за ова.
Една студија објавена во „Психолошки науки“ ни открива дека мажите чиј изглед е далеку од стандардите за убавина, но кои се многу посамоуверени околу жените, имаат и многу поголем успех со нив.
Оваа студија вклучувала 96 мажи и 103 жени кои учествувале во „брзи состаноци“, каде што секој учесник имал по 3 минути за разговор со спротивниот пол. Резултатите ни покажале дека мажите кои верувале дека се поатрактивни одошто навистина биле, и жените ги оценувале на истиот начин. Токму оваа самодоверба е клучна за успехот во љубовните врски.
Како додаток, студијата покажала и дека мажите кои се помалку загрижени за нивниот физички изглед, не само што се поуспешни со жените, туку имаат и деца со повисока самодоверба од останатите. Од друга страна пак, физички поатрактивните мажи имале поголема тенденција за неверство.
Па, сега знаеме што точно поседуваат најпосакуваните мажи – жените преферираат самоуверени момци со добро срце чиј изглед е далеку од стереотипите за убавина. Ова конечно е и научно докажано!

