Во Данска било спроведено истражување кое опфатило 9.857 мажи и жени на возраст од 36 до 52 години. Резултатите покажале дека постои зголемена стапка на смртност кај мажите во врска или брак каде многу често се јавувале конфликти предизвикани од страна на жените. Имено, 315 од нив починале од стрес за кој се претпоставува дека настанал по караницата со партнерката. Освен тоа, истражувањето покажало дека поради незадоволството од заедничкиот живот, мажите на средовечна возраст се изложени на дури 3 пати поголем ризик од смрт.rnrn
rn
„Мажите, за разлика од жените, имаат помалку луѓе со кои би можеле да ги споделат нивните грижи. Доверливите разговори на приватни теми ги водат со неколкумина пријатели или членови од семејството, а има и мажи кои воопшто не разговараат за такви работи. Тоа е можната причина за зголемената стапка на морталитет меѓу мажите“, открила докторката Рике Лунд од Одделението за јавно здравје на Универзитетот во Копенхаген.
rnТаа вели дека мажите честопати им ги доверуваат проблемите на нивните партнерки. Но, кога жените ќе станат главниот причинител на нивните грижи и нервози, мажите стануваат депресивни што може да остави негативни последици на нивното здравје.rnrnОсвен тоа, кога мажите се под стрес, склони се на брза храна, алкохол, ги мачи несоница, а сето тоа е штетно по здравјето. Од друга страна, пак, данското истражување покажало дека жените за разлика од мажите помалку се вознемируваат кога партнерот ќе почне да негодува, односно неговото расправање не влијае негативно на нивното здравје.rnrnНареден пат кога ќе почувствувате потреба да негодувате и да се расправате, размислете дали постои доволно силна причина за тоа, бидејќи лошото однесување има навистина фатални последици на здравјето на вашите најсакани.rnrnЗа да го задржите хармоничниот однос со партнер, прочитајте кои навики можат да ја отрујат секоја врска.