КАФЕ ПАУЗА

Научно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другите

Научно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другите

Во последните неколку години, научниците ги проучувале добрите дела и нивното влијание на човечкиот организам. Резултатите од повеќе истражувања докажале дека алтруизмот, односно желбата за несебично помагање на луѓето, влијае на нашето здравје, па дури и на животниот век.rnrnНаучно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другитеrnrnЧовечката природа отсекогаш ги привлекувала филозофите, а со помош на современата технологија и научен напредок, конечно почнавме да ја одгатнуваме оваа мистерија. Во почетните фази од истражувањето, научниците успеале да откријат дека нашиот мозок има вродена предиспозиција да им помага на другите.rnrnСо помош на скенирање на мозокот, научниците забележале дека размислувањето за туѓите проблеми ги активира истите делови од мозокот што се активираат кога размислуваме за сопствените проблеми, додека, пак, сочувствувањето ги активира деловите одговорни за чувството на задоволство.rnrnЏефри Шлос, еволуциски биолог на универзитетот Вестмаунт во Калифорнија, изјавил дека изреката „Подобро е да се дава отколку да се добива“ не е само морално клише, туку содржи голема вистина во себе.rn

„Сите луѓе не можат да бидат богати и славни, но сите можат да добри.“ – Конфучиј

rnВо секојдневниот живот, многу луѓе одбираат да издвојат дел од слободното време за да им помагаат на другите, без разлика дали се работи за грижа на стари лица, негување напуштени животни, човечки животи или решавање туѓи проблеми. Секој ден имаме прилика да сведочиме на голем број добри дела.rnrnНо, што е тоа што нѐ тера несебично да им помагаме на другите луѓе и да се впуштаме во херојски подвизи за да спасиме нечиј живот, без да мислиме на сопствениот? Истражувањата покажале дека добрите дела ни помагаат и самите да се чувствуваме подобро, но тоа не е сѐ.rnrnВаквото однесување има влијание на нас и од физички аспект. Сѐ повеќе научници тврдат дека правењето добри дела позитивно влијае на нашето здравје, а некои истражувања откриле дека алтруизмот ни помага да живееме подолго.rnrnНаучно докажано: Нашиот мозок има вродена предиспозиција да помага на другитеrnrnВрската помеѓу алтруизмот и стресот е откриена сосема случајно во 1956 година, кога еден тим од истражувачи од универзитетот Корнел спровел истражување на 427 мажени жени со деца. Тие очекувале дека жените со повеќе деца ќе бидат под поголем стрес и поради тоа ќе имаат пократок животен век. Истражувачите многу се изненадиле кога откриле дека бројот на децата, образованието, класната припадност и работата не влијаеле на животниот век. Истото истражување, кое траело 30 години, сосема случајно открило дека 52% од жените кои никогаш не волонтирале се разболеле од некоја тешка болест, за разлика од 32% од жените кои редовно волонтирале.rnrnОва откритие ги заинтересирало научниците, па тие спровеле уште неколку студии. Тие дознале дека редовното правење добри дела го намалува ризикот од прерана смрт за 44%, што значи дека алтруизмот има подобар ефект од редовното вежбање.rnrnМногу истражувања покажале дека алтруизмот значително го намалува нивото на стрес, кој е главниот причинител на голем број болести. Кај испитаниците кои гледале видео во кое се прикажувале добри дела бил забележан привремен пораст на некои хемикалии што го подобруваат имунитетот. Кај жените кои соседите ги сметале за добри личности затоа што им помагале на другите било забележано зголемено ниво на окситоцин, хормон кој ни помага да се чувствуваме добро. Кога алтруистите им помагаат на луѓето, нивото на окситоцин расте, што значи дека стресот се намалува.rn

„Најдобриот дел од животот на човекот се оние безимени, незапаметени дела на добрина и љубов.“ – Вилијам Водсворт

rnОд сето ова може да се заклучи дека алтруистичните емоции предизвикуваат физиолишки реакции во телото на тој начин што го зголемуваат нивото на хормонот окситоцин, го намалуваат нивото на стрес и го подобруваат имунитетот. Алтрузимот предизвикува слична реакција на онаа што ја предизвикува и вистинската љубов. Не двоумете се дали да помогнете некому, бидејќи на тој начин ќе си помогнете и себеси.rnrnНо, вреди да се погледнат овие откритија и од друг аспект. Во продолжение прочитајте зошто добрината не се исплати.