Научно докажано: Добрината не се исплати!

Сподели

Добрината е карактерна особина за која постојат поделени мислења. Некои луѓе велат дека секогаш треба да се ставате себеси на прво место, додека, пак други тврдат дека многу е важно да се размислува и за потребите на другите луѓе. Но, научниците дошле до неверојатно откритие поврзано со штетните последици од алтруизмот.

Во светот владее епидемија на осаменост, која според истражувачите е подеднакво штетна за здравјето како и пушењето. Иако постојат цврсти докази дека социјалните активности се исто толку важни колку и телесните активности, луѓето не вложуваат труд во одржувањето на добрите односи, додека, пак, постојано се обидуваат да вежбаат и да внимаваат на исхраната. Нормално дека како и сите други активности, така и одржувањето на контактите со луѓето си бара време, енергија, а понекогаш и пари. Но, кои се придобивките од добрината и дарежливоста?

Реклама

Постојат одредени придобивки, барем што се однесува до експертите за еволуциска психологија кои ја развиле теоријата за натпреварувачки алтруизам. Според оваа теорија, поединците кои помагаат имаат повисок статус во друштвото, а со тоа имаат повеќе можности за избор на потенцијален партнер. Освен тоа, најновите истражувања покажуваат дека алтруистите се задоволни од нивниот живот и немаат проблеми со депресијата.

Меѓутоа, алтруизмот има и друга страна. Истражувањата покажуваат дека некои луѓе се премногу добри. Кај поединците кои секојдневно им помагаат на другите се забележуваат симптоми на стрес и влошена психичка состојба. Тука не станува збор само за луѓето кои работат во здравство, туку и за оние кои се грижат за членови од семејството. Одржувањето рамнотежа меѓу грижата за другите и за самите себеси и напорна работа. Иако сме свесни колку е важно да одвоиме време за себе, тоа не е толку лесно да се направи.

Реклама

Сепак, добрината значи дека имате пријатна личност, не сте манипулативни, агресивни и одмаздољубиви. Ова и не е толку корисно според некои истражувања кои докажале дека лутината и потиснувањето на бесот ја влошуваат здравствената состојба. Најдобро е да ја одбегнувате лутината, а ако веќе се налутите, тогаш би требало тоа и да го покажете. Не мора секогаш вие да ја смирувате ситуацијата.

И покрај тоа што не треба да заборавите да се грижите за себе, убаво е да им се помага на другите. Прочитајте ги и овие приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот.

Најново

Може ќе ве интересира