Зошто да ја користите нутелата само за мачкање палачинки кога од неа може да ги направите најубавите десерти?rnrn
Нутела колачиња
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 280 г Нутела
- 2 јајца со средна големина
- 10 супени лажици брашно
- 2 полни шаки ореви
- малку путер
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180˚C. Во еден сад изматкајте ги јајцата, потоа додајте ја нутелата и промешајте. Додека мешате, во смесата додајте го и брашното.rnrnНамрсете ја тавата за печење колачиња со путер, и ставете слој хартија за печење. Доколку немате тава која ќе им даде форма на колачињата, откако ќе се испечат сами исечете ги на коцкички. За крај наросете ги со мелени ореви или друга декорација по ваша желба. Овој десерт може да го сервирате и со сладолед од ванила.rn
Нутела тортички со кафе и какао
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 230 г путер
- 380 г шеќер
- 280 г Нутела
- 3 кафени лажички инстант кафе
- 4 јајца со средна големина
- 170 г какао
- сосем малку сол
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 150 г брашно
- 200 г чоколаден чипс (чоколадни топчиња)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180˚C. Намрсете ја тавата за печење колачиња, па поставете слој хартија за печење. Путерот ставете го во огноотпорен сад, потоа садот поставете го во тенџере со зовриена вода за путерот да се растопи.rnrnВо голем сад за матење додајте ги шеќерот и растопениот путер. Добро измешајте ги. Додека смесата е уште топла додајте ги нутелата и кафето. Продолжете да мешате додека смесата не стане хомогена. Додајте ги јајцата, солта и прашокот за пециво. Додека смесата ја матите, додајте ги и брашното и какаото.rnrnОткако смесата е добро изматена, додајте го и чоколадниот чипс. Добиеното тесто внимателно налејте го врз тавата за печење и печете околу 40 минути. Откако ќе се испече (може да тестирате доколку забодете дрвена чепкалка, ако излезе чиста, значи печењето е готово). Оставете го испеченото тесто добро да се олади пред да го исечете на коцки. За декорација на тортичките, искористете ја вашата креативност!rn
Нутела чизкејк без печење
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 250 г слатки бисквити, искршени на парчиња
- 25 г лешници, исечкани и малку потпечени
- 75 г несолен путер на собна температура
- 400 г Нутела на собна температура
- 500 г крем-сирење на собна температура
- 50 г шеќер во прав
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИскршените бисквити ставете ги во сад за матење, потоа додајте го путерот, како и 15 супени лажици Нутела. Матете со миксер на средна брзина. Откако добро ќе ги изматите додајте ги лешниците и добро измешајте ги во смесата.rnrnВо округла тава налејте ја смесата. Сторете го тоа внимателно бидејќи ова ќе биде основа на вашата торта. Тавата ставете ја во фрижидер.rnrnВо друг сад матете ги крем-сирењето и шеќерот во прав, додека не се спојат. Додајте го и остатокот од нутелата и измешајте добро. Извадете ја тавата од фрижидер и над замрзнатата смеса додајте ја смесата со крем-сирењето. Повторно вратете ја тавата во фрижидер. Нека отстои 2 ½ часа.rnrnМоже да ја сервирате ладна, само за да можете добро да ја исечете, претходно потопете го ножот во жешка вода. Може да декорирате со чоколаден сируп или шлаг.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
