Еден научник со декади ја проучувал комуникацијата помеѓу дрвјата и неговите неверојатни опсервации можат да се откријат во новиот документарен филм, „Интелигентни дрвја“.rn
„Дрвјата имаат чувства. Тие можат да почувствуваат болка, но исто така можат да имаат и емоции, како страв. Дрвјата сакаат да стојат во близина и да се прегрнуваат. Всушност, постои пријателство помеѓу нив.“
rn
rnrnОва се само неколку од прекрасните заклучоци направени од страна на Питер Волебен, германскиот научник и автор на книгата „Скриениот живот на дрвјата“. Неговата работа привлече многу внимание ширум светот, особено кај љубителите на шумите. Со оглед на тоа што е научник со добра репутација, и веќе успеал да направи многу при подобрувањето на здравјето на шумата, многумина безрезервно веруваат во неговите зборови. Тој се однесува кон дрвјата како да се луѓе и можеби истото би требало да почнеме и ние да го правиме.rn
„Дрвјата се пријатели. Често може да се забележи како нивните цврсти гранки се насочени кон спротивната страна. Тоа се случува затоа што не сакаат да ја блокираат светлината на својот пријател“, објаснува тој.
rnИ покрај тоа што многу научници не се согласуваат со неговите заклучоци, сепак тој постојано наоѓа начини како да логично да го оправда своето истражување.rn
„Јас го користам јазикот на луѓето. Но, јазикот на науката ги отстранува сите емоции и поради тоа луѓето не го разбираат на начинот на кој што треба да биде разбран.“
rn
rnrnПред да носите брзи заклучоци, погледнете го документарецот во кој се истражуваат различните начини на кој дрвјата комуницираат. И не заборавајте дека тие се многу повеќе од дрвени штици што чекаат да бидат претворени во мебел, згради или дрво за огрев. Тие се и многу повеќе од организми што создаваат кислород и ни го чистат воздухот за нас. Дрвјата се индивидуални суштества што имаат чувства, знаат како да се спријателуваат, имаат заеднички јазик и се грижат едни за други.rnrnКако што Волебен вели во трејлерот подолу:rn
„Навистина постои пријателство меѓу дрвјата. Тие можат да формираат врски како стар пар, каде што едниот се грижи за другиот.“
rn