Кога новороденчето ќе пристигне во семејството, начинот на живот се менува одеднаш. Новите родители се соочуваат со многу проблеми што предизвикуваат расправии, а дури една петтина од паровите се разделуваат во текот на првата година од раѓањето на нивното дете. Недостатокот на сон и секс, оддалечувањето и емоционалниот стрес го нарушуваат заедничкото живеење, а ситуацијата ја влошуваат и променетите односи со семејството, лошата комуникација, недостатокот на пари и исцрпеноста.rnrn
rn
Нема да разговарате и по пет дена
rnПоловина од паровите се караат почесто од порано, а кај една третина од паровите се случува да не разговараат и по пет дена.rnrnПричина за честите расправии во текот на првата година од раѓањето на детето е докажувањето кој е поуморен и кој треба да се разбуди ноќе, а 16 % од паровите се расправаат и поради недостатокот на секс. Истражувањата покажуваат дека дури 86 % од родителите имаат помалку секс откако имаат бебе, а некои чекаат и повеќе од два месеци за повторно да имаат интимни моменти во спалната соба. Околу 20 % од родителите сметаат дека нивниот партнер не им посветува доволно внимание по пристигнувањето на приновата, а 12 % чувствуваат дека партнерот им врши притисок за да водат љубов.rn
Во текот на следните шест години…
rnВо овој период, на родителите најмногу им пречи недостатокот на сон. Со текот на времето страстите повторно се разгоруваат, но истражувањата покажале дека најмалку шест години паровите не спијат исто како што спиеле во времето пред да станат родители.rnrnНовороденчето се буди барем трипати во текот на ноќта, а првите три месеци се најкритични, но и подоцна децата се будат ноќе и треба повторно да ги заспиете или пак, се болни, па родителите имаат испрекинато спиење.rnrnВо текот на првите три месеци по раѓањето, во просек мајките спијат еден час помалку, а татковците 13 минути помалку. Дури и кога децата ќе бидат на возраст од 4 до 6 години, времетраењето на спиењето кај родителите сè уште е пократко – мајките спијат околу 20 минути пократко, а татковците 15 минути пократко.rnrnРодителите поминуваат 54 минути на ден обидувајќи се да го заспијат своето бебе, што е речиси 14 дена во годината, а дневно поминуваат и по два километри додека го заспиваат бебето. Поради исцрпеност, 11 % од родителите признале дека халуцинираат, а 44 % забораваат што сакале да кажат. Освен тоа, 64 % од родителите, кога ќе се погледнат назад кон својата прва година како родител, велат дека се импресионирани од фактот што успеале да „преживеат“.rnrnПрочитајте зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа.