10 најпопуларни летни трендови што ќе ги гледате насекаде

Сподели

Летото сѐ уште не започнало, а веќе е јасно кои ќе бидат најголемите трендови за ова годишно време. Благодарение на социјалните мрежи, ја создадовме оваа листа од 10 парчиња облека, кои веќе се наоѓаат во гардероберите на многубројни жени, а мораме да признаеме и дека некои од нив навистина нè изненадија.

Реклама

rn

1. Овални очила за сонце

rnОчилата за сонце со ваква рамка се враќаат од 60-тите години на големата врата. Со овој облик на очила за сонце ќе изгледате тренди и што е најважно, ќе бидете заштитени од сончевите зраци.

Реклама

rn

2. Плетени чанти

rnЧантите изработени од природни материјали како што се трска, платно или конап се идеален додаток на секоја летна модна комбинација и секако ќе бидат сеприсутни. Но, тие воопшто не се обични во текот на оваа година, туку се украсени со иницијали, пом-пом топчиња, реси, чипка, долги или кратки рачки, со различни бои и големини. Исто така носат по песочните плажи, но и по градскиот асфалт.

rn

Реклама

3. Чанти околу струкот

rnДа, овие чанти се враќаат на големата врата, а кој е повторно заслужен за нивното враќање? Кендал Џенер, која не се одвојува од своите модели.

rn

4. Костим за капење со врзување

rnБез разлика дали ќе изберете едноделен костим за капење или бикини, важно е тие да можат да се врзуваат. Веќе можеме да забележиме дека секој бренд во својата понуда за лето има барем еден костим за капење со врвки.

rn

5. Едноделен костим за капење

rnОва лето заборавете на бикините, бидејќи на модниот трон се наоѓаат едноделните костими за капење, кои ги прославија манекенките, како што се Кендал Џенер и Бела Хадид.

rn

6. Коцки

rnМали квадратчиња, особено во црна, сина и црвена боја, завладеаја со сите парчиња облека – од панталони и здолништа, па сѐ до фустани и блузи. Класичен дезен кој наликува на трпезариска покривка, но сепак привлекува големо внимание. Пинтерест открива дека овој дезен се пребарувал двојно повеќе од минатата година.

rn

7. Тексас здолништа

rnКратки, до колена, долги… Не е воопшто важно, само да бидат изработени од тексас, а секако најпопуларни ќе бидат оние со реси кои изгледаат како самите да сте ги исекле.

rn

8. Хавајски кошули

rnВо последните месец дена овој поим го пребарале повеќе од 180.000 жени, а доколку не сакате да трошите пари, ѕирнете во неговиот гардеробер, можеби таму веќе се наоѓа некоја хавајска кошула што би можеле да ја искористите и за вас.

rn

9. Рамни сандали

rnСоставен дел од секоја летна модна комбинација се рамните сандали, а ова лето се во тренд оние кои се украсени на разни начини – со реси, панделки, циркони, пом-пом топчиња, пердуви и слично.

rn

10. Розова боја

rnТаа е клучната за летната сезона и не е резервирана само за жените, туку и за мажите. Освен во модниот свет, оваа боја е хит и во светот на убавината, но и во уредувањето на домот.

Најново

Може ќе ве интересира