Насмевки од целиот свет

Сподели

rn

Насмевката е универзалниот јазик на љубезноста“. – Вилијам Артур Ворд

Реклама

rn„Насмевни му се на светот“ (Smile to the World) е многу едноставен и прекрасен видео проект кој ги собира насмевките од целиот свет во еден краток седумминутен филм. Тој е дело на продукцискиот тим „Седумте величествени“ (Magnificent 7), којшто собрал 55 филмаџии од 31 земја, сите заедно снимиле насмевки од по еден маж и една жена од секоја земја, а потоа макотрпно ги спојувале во еден филм цели четири месеци.

И покрај својата едноставност „Насмевни му се на светот“ е полн со некаква пригушена енергија која се чувствува со излегувањето на секоја нова насмевка на екранот. Изгледајте го и обидете се да не се насмеете ако можете, покрај толку многу заразни насмевки. Потоа, сликајте се и пратете им ја вашата слика додека се смеете, затоа што тие сè уште собираат насмевки од целиот свет и ќе ја објават на нивната веб страница.rn

rn 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира