Пролетта само што ни пристигна, а ние со нетрпение чекаме да ги соблечеме дебелите џемпери и топлите чизми и да ги замениме со разлетани фустани и балетанки! Веруваме дека сте расположени за пролетен шопинг и веќе сте ги посетиле бутиците по потрага за некое ново пролетно парче. Исто така, веруваме дека сте забележале дека балетанките со врвки се сè повеќе популарни и дека можат да се најдат во бројни продавници за обувки. Сепак, за овие балетанки треба да одвоите одредена сума на пари, зар не? Ние велиме – НЕ! Можете да ги направите сами. Потребно ви е само еден пар стари балетанки и малку добра волја!rnrn
rnrnПогледнете го упатството и дознајте како брзо и лесно да ги редизајнирате старите и да направите потполно нови балетанки со врвки.rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Обични балетанки
- Кожни врвки
- Алатка за правење дупчиња во кожни материјали
- Маркер
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrn1. На самата средина на балетанките, веднаш над прстите, издупчете дупка.rnrn
rnrn2. Низ неа провлечете ја врвката, но внимавајте краевите да ви бидат со иста должина. Нив ќе ги провлечете низ новите две дупчиња кои ќе ги направите неколку сантиметри повисоко, од страната.rnrn
rnrn3.Предлагаме да направите уште по едно дупче, отприлика околу зглобот. Потоа кожните врвки украсете ги, па протнете ги низ дупките.rnrn
rnrn4. И тоа е сè. Балетанките ќе ги облечете, а кожните врвки ќе ги обвиете околу зглобовите и ќе ги заврзете.rnrn