КАФЕ ПАУЗА

Најубавите топли извори во светот

Најубавите топли извори во светот

Дел од овие топли извори се извонредно место за уживање и опуштање со лековити карактеристики, а други пак се опасни и до нив не треба да се приближуваме поради екстремно топлите температури. Како и да е, сите се благодет за сетилата, па дури и ако се набљудуваат од далечина. Ви ги претставуваме 8-те најубави топли извори.rn

1. Памуккале, Турција

rnНајубавите топли извори во светотrnrnОвој природен топол извор не можел да добие посоодветно име. На турски Памуккале значи „замок од памук“. Овие каскадни тераси исполнети со тиркизна вода кои пловат во бесконечните  бели петна, се заштитени од УНЕСКО како природни светски чуда. Овие базени се формирани од варовнички термални извори каде наслојките од калциум прераснале во дупки кои ја собираат водата и во нив може да се бањате. Водата е многу лековита и се употребува за лечење на астма, ревматитис и други болести.rn

2. Џигокудани, Јапонија

rnНајубавите топли извори во светотrnrnНепријателските шуми, стрмните карпи и меурчињата коишто излегуваат од вриењето на водата придонеле овој предел да се нарече „Долина на пеколот“. Џигокудани не е многу привлечен поради изворите, туку поради дивите Јапонските макаки кои се спуштаат во топлата долина во текот на зимските месеци. Тие знаат да се гушнат и заедно да уживаат во водите од топлиот извор. Прекрасна глетка. Оваа долина исто така има да понуди разни автентични храмови кои ќе може да ги посетите, да уживате во некоја локална масажа, да ја пробате Јапонската кујна и безброј други работи.rn

3. Хуанглонг, Кина

rnНајубавите топли извори во светотrnrnИлјадници години геолошка еволуција го обликувале ова осамено место кое претставува чудо на природата. Не е изненадувачки што Хуанглонг претставува Светско наследство на УНЕСКО. Како што ќе навлезете во пределот, ќе ве пречекаат кристално бели врвови, густа шума и кластери со езерца со широк спектар на бои, од портокалово-жолта до зелена и светло сина боја. Прекрасни цветови, пеперутки, мали водопади како и голем број ендемични животни придонесуваат за убавината на оваа „Земја од бајките“.rn

4. Шампањски басен, Нов Зеланд

rnНајубавите топли извори во светотrnrnОвој шампањски басен е геотермален рај на пределот Wai-O-Tapu кој се наоѓа во близина на Роторуа. Карактеристично за овој предел е тоа што изобилува со мали езерца кои имаат боја на шампањ, па оттаму им потекнува и името. Бојата се должи на меурчињата од јаглерод диоксид кои даваат интересни нијанси. Овие басени може да ги прошетате преку дрвени мостови и секако да уживате во прекрасната природа.rn

5. Травертин, Америка

rnНајубавите топли извори во светотrnrnОва е топол извор кој се наоѓа во близина на Бриџпорт по должина на источниот фронт на Сиера. За оние кои знаат за неговото постоење, Травертин е пријатна станица на пат накај дома од Јосемитите. За неговата локација нема никакви знаци и маркери заради што има и помалку посетители. Така е задржана природата дива и недопрена. Водата е умерено топла, па може да се избањате. Исто така опуштените вечери со полна месечина и топла вода која жуборка е неповторливо искуство.rn

6. Гранд Призматик, Јелоустоун

rnНајубавите топли извори во светотrnrnНишто не може да ја опише оваа атракција на Националниот парк Јелоустоун, како нејзиното име. Овој басен е 112 метри во дијаметар и 37 метри длабок. Изобилува со огромен спектар на бои што наликува на виножито. Секоја боја претставува варијација во температурата на водата. Басенот наликува на око, а го нарекуваат и прстен на огнот, вратата на пеколот и киклопско око. Ако планирате да го посетите овој топол извор се препорачува возење со хеликоптер за да може целосно да го видите и да го доживеете комплетно.rn

7. Сина лагуна, Исланд

rnНајубавите топли извори во светотrnrn„Енергијата на животот преку силите на природата“- така е мотото на веб-сајтот за најпознатиот геотермален извор во Исланд кој се наоѓа на 50 километри од Рејкјавик. Овој извор располага со шест милиони литри млечно бела морска вода која искомбинирана со вулканските полиња не само што го одзема здивот, туку и го прави искуството надреално. Може да уживате во различни масажи или едноставно да одморате во прекрасната вода која има и лековити својства.rn

8. Мамут, Америка

rnНајубавите топли извори во светотrnrnДобредојдовте во најголемата природна хемиска лабораторија во светот каде што топлината и водата се моделираат во еден комплексен систем на испакнати тераси кои постојано го менуваат обликот и бојата. Се наоѓа во северниот дел на Јелоустоун и претставува совршено место за излет. И горната и долната тераса даваат спектакуларен склоп на различни, бои па кога сте најгоре погледот е незаменлив.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.