КАФЕ ПАУЗА

Најубавите и најздравите градови во Европа

Најубавите и најздравите градови во Европа

Лондон, Париз, Рим, Амстердам, Барселона… Сите овие европски градови се интересни и полни со многу историја и култура, но кога станува збор за прекрасни места кои изобилуваат со природни пејзажи кои ќе ве освежат и инспирираат, наредниве 5 се оние кои се едноставно незаменливи.rn

1. Езерото Сан Круа, Франција

rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСеверниот дел од Франција изобилува со туристи кои уживаат во убавините на Азурниот Брег, но доколку сакате малку помирно место, кое е опколено со природни убавини, насочете се северно од Сен Тропе, кон прекрасното тиркизно езеро Сан Круа. Доколку сте фан на водни активности како пливање, едрење, возење на кајак и слично, ова место ќе биде совршено за вас.rn

2. Скаген, Данска

rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnДоколку Скандинавија е на вашата листа за посета и доколку барате прекрасни места кои не се толку популарни, тогаш ви го препорачуваме градот Скаген. Ова мало рибарско гратче, кое е прекрасен рај за фотографите се наоѓа на најсеверната точка од Данска. Спектакуларниот брег и огромните песочни дини ќе направат да се чувствувате живо, енергично и поздраво од кога било претходно.rn

3. Чинкве Тере, Италија

rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСите љубители на пешачењето и природните пејзажи мора да го посетат ова неверојатно место. Направете пауза од гужвата во Рим, Фиренца и Миланo и упатете се кон тивкото и мирно „ Чинкве Тере. Покрај природните пејзажи, тука можете да уживате и во прекрасно подготвената паста, џелато и други видови вкусна и традиционална италијанска храна.rn

4. Анси, Франција

rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnОвој град е можеби најпрекрасната и најздравата туристичка дестинација во Франција, како и една од најдобро чуваните тајни во земјата. Анси е град со средна големина во кој се наоѓа најбистрото и најчисто езеро во Европа, а самите Алпи се на само еден чекор оддалеченост. Ова место е познато и како „главниот град на спортот“. Не само што можете да ги најдете сите видови водни и планински спортови, туку и пејзажите кои ве опколуваат се толку неверојатни и инспиративни што дури и самите Французи постојано се вчудовидуваат од оваа природна убавина.rn

5. Лејк дистрикт – Англија

rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСо својата локација во северно-западна Англија, оваа област е одлично место за одмор од брзиот Лондон. Доколку некогаш сте на пат кон главниот град, направете мала пауза во Националниот Парк Лејк дитрикт и уживајте во неверојатните пејзажи кои се дел од него. Езерата, шумите и планините кои се наоѓаат во овој предел едноставно ќе ве остават без зборови, а чистиот воздух ќе ве наполни со енергија и здравје.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.