Бесконечните базени создаваат неверојатен визуелен ефект при кој кристалната вода се протега кон хоризонтот до бескрај. Можете целосно да се опуштите во овие базени кои се наоѓаат насекаде во светот, па дури и на Хималаите.rnrn
rn
Комплексот Билајла Кемпински, Танзанија
rnКомплексот Билајла Кемпински е отворен од 2009 година. Се наоѓа во Националниот парк Серенгети во Танзанија. Овој комплекс има 74 соби и апартмани, вклучувајќи ја и претседателската вила со бесконечниот базен со поглед на дивиот свет. Сите соби имаат поглед кон Националниот парк, дозволувајќи им на туристите да ги набљудуваат животните од сончевите палуби на комплексот.rnrn
rn
Хотелот Меридијан, Бора Бора
rnХотелот Меридијан во Бора Бора, во Француска Полинезија, се наоѓа во јужниот дел на коралниот гребен долг 9,5 километри. Хотелот располага со 99 бунгалови, вклучувајќи и 4 бунгалови покрај лагуната, 14 бунгалови на плажа и 81 бунгалов над вода со стаклен под. Со последното реновирање на хотелот Меридијан беше додаден нов бесконечен базен под барот Мики Маус. Огромниот бесконечен базен има сопствена палуба, водопад и џакузи.rnrn
rn
Одморалиштето на Маркизот, Лос Кабос
rnОдморалиштето на Маркизот во Лос Кабос и неговите бесконечни базени се сместени на најјужниот врв од мексиканскиот полуостров, каде што морето Кортес се влева во Тихиот Океан. Одморалиштето има 237 апартмани, спа и фитнес центар, ресторан и колекција на скулптури и слики од Латинска Америка.rnrn
rn
Апартманите Гранд Велас, Мексико
rnАпартманите и спа-центарот Гранд Велас се наоѓаат во Нуево Валарта во Мексико. Опуштете се во огромниот бесконечен базен каде што хоризонтот се протега сè до заливот Бандерас и Тихиот Океан. Одморалиштето е оддалечено 15 минути од Пуерто Валарта и има 267 апартмани со поглед кон океанот, спа-апартмани и три кралски апартмани.rnrn
rn
Гансевурт, Мајами Бич
rnБесконечниот базен Гансевурт во Мајами Бич е сместен на палуба која вклучува отворен ресторан и огромно џакузи. Базенот нуди прекрасен поглед на Атлантскиот Океан. Целото одморалиште има 340 соби и апартмани, два ресторани, ноќен клуб и базен на покривот полн со кокосови палми.rnrn
rn
Висечките градини Убуд, Бали
rnГлавниот од неколкуте бесконечни базени на висечките градини Убуд во Бали, нуди глетка на која не можете да ѝ одолеете. Пред вас се простираат бескрајни џунгли полни со мајмуни, пеперутки и егзотични птици. Резервирајте една од 38-те вили со базен и ќе имате свој приватен бесконечен базен.rnrn
rn
Интернационалниот хотел на Трамп, Хонолулу
rnИнтернационалниот хотел на Трамп, сместен покрај шеталиштето на плажата Ваикики во Хонолулу, беше отворен минатата година. Овој хотел има 462 соби и апартмани. На 6-от кат од хотелот се наоѓа бесконечен базен со поглед кон Тихиот Океан. Базенот изобилува со палми, а покрај него се поставени лежалки за сончање.rnrn
rn
Дворецот Шимла, Хималаи
rnДворецот на дивото цвеќе, Шимла, сместен на Хималаите, личи на замок од бајките кој се наоѓа помеѓу борови и кедрови шуми, на височина од 2.515 метри. Бесконечниот базен кој се наоѓа на самиот раб од палубата, има мозаично дно и нуди прекрасен планински поглед.rnrn
rn
Hotel du Cap-Eden-Roc, Франција
rnОвој хотел се наоѓа на јужниот крај од стариот град Антиб, сместен на француската ривиера. Познат е како засолниште за членовите на кралското семејство, славните личности и политичарите од цел свет. Водата во бесконечниот базен на овој хотел е топла и солена, што ќе ве натера да се загледате во хоризонтот на Медитеранот, каде што ќе го забележите и Канскиот залив.rnrn
rn
Одморалиштето Џамби Беј, Антигва
rnЗаливот Џамби или Џамби Беј е одморалиште кое се наоѓа на приватен остров оддалечен 3 километри од брегот на Антигва. Со последното реновирање на Џамби Беј, кое чинеше 28 милиони долари, одморалиштето доби бесконечен базен со кој заливот создава илузија дека се спојува со Карибите.rnrn
rn
Манастирската тврдина, Тоскана
rnМанастирската тврдина која некогаш била резиденција на благородниците, денес е одморалиште со 75 соби во едно средновековно село во Тоскана, Италија. Тврдината е опкружена со ридови, маслинови градини и лозја. Во дворот се наоѓа бесконечен базен кој прекрасно ја одразува тврдината од 11-от век. Манастирската тврдина е блиску до Сиена, а освен бесконечниот базен, таа има и сопствено училиште за готвење.rnrn
rn
Хотелот Цезар Август, Капри
rnХотелот Цезар Август се издигнува 305 метри над морето, на италијанскиот остров Капри, во близина на Неапол. Бесконечниот базен на овој хотел нуди прекрасна глетка на Неаполскиот залив и вулканската планина Везув. Во склоп на хотелот се организираат и екскурзии низ тесните улички и живописните куќи на Анакапри.rnrn
rn
Бурџ Ал Араб, Дубаи
rnХотелот Бурџ Ал Араб е специјално дизајниран за да потсетува на огромна едрилица сместена над крајбрежјето на Дубаи. За да уживате во спектакуларниот поглед на Персискиот залив, треба да се качите на 18-от кат каде што се наоѓаат бесконечниот базен и спа-центарот, кој нуди пилинг за лице и тело од кавијар.rnrn
rn
Крајбрежјето Радисон Блу, Кејптаун
rnНа крајбрежјето познато како Радисон Блу во Кејптаун, Јужна Африка, се наоѓа истоимениот хотел со 177 соби кој се издигнува високо над Атлантскиот Океан. Крајбрежниот бар Тобаго нуди тропски коктели со поглед кон бесконечниот базен и кон океанот. Пливачите може да се освежат во мирните води на базенот додека галебите прелетуваат над нивните глави.rnrn
rn
Коста Карејес, Мексико
rnКоста Карејес се наоѓа во Мексико, помеѓу Манзанило и Пуерто Валарта. Ова одморалиште се состои од неколку вили познати како „Замоците на Карејес“. Една од нив е вилата „Сонцето на Ориентот“ која има 6 спални соби и е опкружена со бесконечен базен. Посетителите едноставно може да излезат од собите и веднаш да запливаат во базенот, гледајќи го пред себе големиот Тихи Океан.rnrn
rn
Резерватот Ал Маха, Дубаи
rnПустинскиот резерват и спа-центарот Ал Маха, оддалечен околу 65 километри од Дубаи, има 42 апартмани и секој од нив има поглед кон бесконечниот базен и пустината. Пустинските газели слободно поминуваат преку песочните дини и низините и често може да се видат како пијат вода од овој резерват. Освен во бесконечниот базен и природната убавина, може да уживате и во спа-центарот, да јавате камила или да разгледувате повеќе од 2.000 артефакти од Блискиот Исток.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
