КАФЕ ПАУЗА

Најтоплите места на Земјата

Најтоплите места на Земјата

Во потрагата по спас од летните горештини во Македонија, внимавајте да не завршите на некоја од следните дестинации: :)rn

1. Азија

rnСо измерени 70,7 степени Целзиусови, пустината Лут во Иран е најжешкото место во светот. Толку е жешко, што ни бактериите не можат да виреат. Во едно од истражувањата, на овие температури било оставено отворено стерилизирано млеко, кое и по неколку дена не било расипано. После ова Лут е прогласена за абиотска зона. Пустината е опкружена со планини и е дом на најголемата песочна пирамида во светот.rnrnУлтражешко азиско лето има и градот Тират (Tirat Tzvi) во Израел, каде живата во термометрите се искачува до 53,7° С.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

2. Африка

rnНајвисоката температура на континетот е регистрирана во градот Ел Азизија, Либија. Таму на 13 септември 1922 година се измерени 57,8 степени Целзиусови.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

3. Северна Америка

rnДолината на смртта пак, го држи рекордот за највисока температура во западната хемисфера. На 10 јули 1913 година, таму се измерени 56,7° C, малку под највисоките температури во Либија. Долината на смртта е дел од пустината Мохаве во Источна Калифорнија, САД. Таа е позната како едно од најниските, најсувите и најжешките места во Северна Америка.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

4. Австралија

rnОвде летата се навистина жешки и достигнуваат температури до 47° C. Но, оваа граница е драстично надмината во 2003 година, во државата Квинсленд, кога биле измерени 68,9° C. Меѓу најжешките места на континетот е и грaтчето Однадата во Јужна Австралија. Таму на 2 јануари 1960 година, живата во термометрите се искачила на 50,7° C.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

5. Европа

rnОбидете се да прошетате во центарот на Севиља, Шпанија, напладне во месец јули и ќе дознаете што значи да се живее во најжешкото место во Европа. Таму во летниот период температурите несомнено се искачуваат до 40° C, со исклучок на 4 август 1881 година, кога во градот е регистриран најтоплиот ден на континентот, со измерени 50° C.rnrnНајтоплите места на Земјата