Футуристичката Водолија лесно може да се заигра со Уран, планетата на хаосот, на бунтот и на неочекуваните промени. Владеењето на Водолијата ќе трае до 19 февруари, а предизвиците што ги подготви овој воздушен хороскопски знак ќе бидат особено тешки за припадниците на одредени хороскопски знаци.rnrn
rnrnДодека некои хороскопски знаци ќе ги почувствуваат убавините на слободата и на новата енергија, некои хороскопски знаци ги очекуваат промени и избрзани одлуки што ќе им донесат тешкотии, несигурност и важни лекции. Овие 3 хороскопски знаци ги очекува ризичен период за време на владеењето на Водолијата.rn
Рак – Период на трансформација
rnПретходниот период (владеењето на Јарецот) ви донесе големи промени на емотивен план. Во секоја ситуација можевте да пронајдете компромис и да ги искристализирате вашите романтични желби, но овојпат Водолијата менува сè.rnrnСонцето е во вашата осма куќа, односно во куќата на интимноста, на сексот и на трансформациите. Транзитирањето на планетите ќе ви донесе големи предизвици во љубовта, а многумина ќе направат големи грешки во врските поради ненадејните промени на расположението.rn
Скорпија – Опасни игри со зборови
rnЗа време на владеењето на Водолијата, Сонцето ќе се наоѓа во вашата четврта куќа која ги означува семејството, домот и емоционалната стабилност. Ќе започнете да се фокусирате на вашиот мал свет и на луѓето што ги сакате. Но, ќе сакате да се одвоите од некои членови на семејството или од некои пријатели за кои сметате дека ви крадат енергија и ве спречуваат во некои работи.rnrnОвие одлуки може да бидат тешки и конечни, па затоа размислувајте внимателно. За среќа, поврзувањето на Сатурн и Плутон ќе биде во вашиот комуникациски сектор, па постои можност да успеете да ги решите недоразбирањата на правилен начин.rn
Риби – Скриена емотивна и мистериозна душа
rnПрипадниците на овој емотивен хороскопкси знак ќе се чувствуваат осамено, изолирано и нема да бидат свесни за своите цели за време на владеењето на Водолијата. Сонцето моментално е во вашата 12-та куќа, куќата на кармата и на соништата. Вие сте уникатна емотивна и креативна душа, но тоа не значи дека треба целосно да се изолирате.rnrnОвој кризен период ќе потрае уште малку, а кон крајот на февруари ќе имате можност да покажете колку навистина вредите.rnrnПрочитајте кои се најголемите шанси за вашиот хороскопски знак во февруари 2020 година.