31-годишниот Крис Холмс од Кембриџшир, Англија неодамна направил вкусна торта со порака упатена до менаџментот на фирмата во којашто работел, а сите колеги ги поканил да се засладат од неа.rnrnТој работел како службеник за доселеници на аеродромот Станстед во Лондон, но на 15 април ја дал својата оставка, испишана со црни бувки на убава бела ледена торта. Вели дека вежбал прво на хартија и ќе ја направел уште поубава доколку знаел дека ќе стане вирална фотографијата на интернет.rnrn
„Со оглед на денешната економија, прилично е ризично да се започнува нов бизнис. Но, убаво ги разгледав фактите и заклучив дека ова е остварлив бизнис. Сѐ се одвива според плановите. Треба да му заблагодарам на мојот син Бен, кој потсвесно ме „клоцна“ да станам и да сторам нешто за коешто чувствувам страст. За тоа ќе му се оддолжам со прекрасна торта за неговиот прв роденден, која веќе ја планирам“.
rnПосле оставката испишана на торта, телефонот на Холмс непрестајно ѕвони и цело време му стигаат имејл пораки. Но засега, никој не нарачал торта за давање отказ. Заменик-директорот на неговото претходно работно место вели дека му пожелува само успеси во иднина.rnrnОва не е првпат некој да даде „слатка“ оставка од работа. Неодамна Нил Берет од Сан Франциско го направи истото поради неговите здравствени проблеми и потребата да поминува повеќе време со семејството.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
