КАФЕ ПАУЗА

5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижност

5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижност

Дали некогаш сте се обиделе да направите нешто, а да не е толку едноставно колку што сте замислиле? Способноста да направите нешто се сведува на тоа да бидете доволно силни за да го поддржите и да го стабилизирате телото во секоја активност што ја правите. Значи, не станува збор за тоа да бидете флексибилни, туку за да пронајдете сила во вашата мобилност.rnrn5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижностrnrnБез разлика каква форма на вежбање претпочитате – било да е тоа трчање, кревање тегови, бокс, пилатес и слично, мобилноста игра голема улога. Погледнете како вратот, рамената, зглобовите, колковите и глуждовите да ви бидат подвижни за време на секоја вежба.rn

Вратот

rnЗа да ја зголемите подвижноста на вратот, правете кругови со главата околу вратот на лесен, контролиран начин. Префрлете ја од десното кон левото рамо и надолу кон градите. Потоа сменете ја насоката.rn

Рамената

rnПравете кругови и кренете ги рацете над главата. Овие движења ги насочуваат вашите раменици и помагаат да се стабилизираат, така што ќе почувствувате напнатост во рамото и клучната коска.rn

Зглобовите на рацете

rnВртењето на зглобовите ќе ви овозможи да го зголемите целиот опсег на движење. Погледнете го видеото за да ги видите како правилно да ги вежбате зглобовите.rn

Колковите

rnКруговите со колковите се трик за подобра подвижност на карлицата, овозможувајќи ви да трчате подобро и подобро да правите клекни-стани.rn

Глуждови

rnПодвижноста на глуждот е најважна за тркачи, спортисти и луѓе кои тренираат HIIT.rnrnhttps://youtu.be/dybayxTLgsQrnrnПогледнете ги овие 6 вежби со кои ќе имате тело од соништата.