rnrnМедицинските тестови утврдиле дека Шарлот има генетска аномалија која ја имаат само 100 луѓе во целиот свет. Ова нарушување е карактеризирано со намален раст, абнормален раст на коски, мала глава, аномалии на мозокот и уникатни карактеристики на лицето. Некои од другите знаци се сува кожа, дислоцирани колкови и лакти, кратки екстремитети, ретка коса, интелектуален хендикеп и напади.rnrn
rnrnДокторите не биле сигурни дали Шарлот воопшто ќе го дочека нејзиниот прв роденден. Но, ова девојче имало огромна желба за живот. Ема ја облекувала ќерка си со облека за кукли, ѝ ставала пелени со големина на кредитна картичка и можела да ја носи во џеб.rnrn
rnrnЕдинствениот начин на кој Шарлот можела да јаде бил преку цевка во стомакот бидејќи била премногу малечка за цврста храна. Исто така имала циста на црниот дроб и слаб имунитет. Менталниот и физичкиот развој на Шарлот исто така биле забавени. Но нејзините родители даваат сè од себе за таа да има нормален живот.rnrn
rnrnСо текот на времето Шарлот докажала дека сепак не е толку нежна, иако изгледа како порцеланска кукла. Нејзината постара сестра изјавила дека многу луѓе се плашеле да ја допрат, но таа била многу активна.rnrn
rnrnКога имала 5 години, Шарлот почнала да оди на училиште. Во 2012-та година била висока само 68 центиметри и тежела 4 килограми. Нејзината мајка изјавила дека иако е мала, има огромно срце и сака да прави сè што прави и еден обичен 5-годишник.rnrn
rnrnЗа жал, очекуваниот животен век на луѓето со овој деформитет е околу 30 години. Сепак, нејзините родители се обидуваат да ја искористат секоја секунда.rnrn
rnrnЗнаете ли за неверојатната средба помеѓу највисокиот маж и најниската жена на светот?
Најмалото девојче на светот со најголемата приказна за раскажување
