КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите животни лекции од Џулија Робертс

Најдобрите животни лекции од Џулија Робертс

Џулија Робертс е многу силна личност која успеала да изгради кариера истовремено играјќи ја улогата на мајка и на сопруга во реалниот живот. Прочитајте ги нејзините најдобри изјави што покажуваат колку таа самата се познава и како со прифаќање себеси, со трпеливост и со љубов кон себе можете да стигнете далеку.rnrnНајдобрите животни лекции од Џулија Робертсrn

„Тајната на сè е да го сакате тоа што го правите.“

rn

„Жените не се рехабилитациски центри за невоспитани мажи. Не е ваша работа да го поправите, да го промените, да му бидете родител и да го пораснете. Вие сакате партнер, а не проект.“

rn

„Кога сакате една личност да биде среќна, дури и ако вие не сте дел од таа среќа, тогаш тоа е љубов.“

rn

„Ако некој сака да ве остави, пуштете го да оди. Вашата судбина не е поврзана со личноста што ве напушта, а тоа не значи дека имате лоша судбина. Тоа само значи дека улогата на таа личност во вашиот живот е завршена.“

rn

„Подобро да имам 30 минути нешто прекрасно отколку цел животот да имам нешто што не е посебно.“

rn

„Верувам дека луѓето се поврзани во срцето и дека не е важно што правите и кои сте или каде живеете; нема ограничувања кога на две личности им е судено да бидат заедно.“

rn

„Вистинската љубов не доаѓа кај вас, таа мора да биде во вас.“

rn

„Подобра сум поради сите работи што ми се случиле, и добри и лоши.“

rn

„Посакувам повторно да бидам девојче затоа што полесно е да заздрават гребнатите колена отколку скршеното срце.“

rnПрочитајте ги и искрените родителски совети од Џулија Робертс.