Најчудните предности во кои ужива само кралицата Елизабета II

Сподели

Да бидете дел од кралско семејство дефинитивно си има свои предности. Но не секоја предност е очигледна. Многу од работите кои ги ужива кралското семејство се навистина чудни и специфични. Од забранување на смеата до поседување на сите делфини во Велика Британија, погледнете некои од најчудните бонуси кои доаѓаат кога сте главата на кралското семејство.rn

Реклама

1. Кралицата може да вози без возачка дозвола

rnЕдна од предностите да бидете кралица на Англија е тоа што немате потреба од возачка дозвола.rn

2. Некој од послугата ги „разносува“ чевлите на кралицата

rnКралицата нема потреба да трпи болка од нови чевли. Таа најмува некој од послугата да го направи тоа за неа.rn

3. Кралицата може да го забрани смеењето

rnКралицата има контрола над сè, па дури и по нејзината смрт. Наводно, 12 дена по нејзината смрт, луѓето на британските телевизиски програми нема да смеат да бидат смешни. Исто така нема да се емитуваат никакви хумористични програми.rn

4. Кралицата ги поседува сите делфини

rnУште една чудна предност е тоа што кралицата ги поседува сите делфини кои се на растојание до 5 километри од британскиот брег.rn

5. Ги поседува и сите лебеди

rnПокрај делфините, сите лебеди кои се наоѓаат во Велика Британија ѝ припаѓаат на кралицата. Исто така, таа ги брои секоја година. Секој јули се одржува церемонија на броење.

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира