Од најбрзата спринтерка на потпетици, до најмалото магаре на светот, Гинисовата книга на рекорди за 2014 година, повторно ни ги претставува најинспиративните луѓе, животни и предмети на планетава. Погледнете ги некои од најчудните рекорди во книгата.rnrn
Најбрзо одење на раце и нозе назадечки
rnЛилејни Франко поминала 20 метри одејќи наведната наназад на раце и нозе и тоа за цели 10,5 секунди.
rn
Најмалото магаре Ni Hi
rnСо висина од само 64,25 см, Ni Hi е најмалото магаре на светот. Тоа е во сопственост на Џим и Френки Ли од Флорида.
rn
Најмалиот автомобил во кој можете да се возите
rnНајмалиот автомобил во кој можете да се возите е висок само 63,5 см, а долг е 126,47 см. Креиран е од страна на Остин Кулсон.
rn
Најбрзото одење на куче по јаже
rnНајбрзото кучешко одење по јаже го постигнал Ози од Норфолк во Велика Британија. Тој јажето го поминал за цели 18,22 секунди.
rn
Најголемите тапани за свирење
rnНајголемиот сет тапани се за 5,2 пати поголеми од стандардните. Создадени се од тимот наречен „Drumartic“ кои доаѓаат од Австрија.
rn
Најголемиот велосипед кој може да се вози
rnСоздаден од Германецот Диди Сенфт, овој велосипед е влезен во книгата на рекорди како највисок, со дијаметар на тркала од цели 3,3 метри и истиот може да се вози.
rn
Најголемиот мотор кој може да се вози
rnНајголемиот мотор е висок 510 сантиметри сметано од земјата до рачките. Него го создал Италијанецот Фабио Реџиани, кој го испробал на терен, возејќи 100 метри.
rn
Најбрзо трчање на потпетици
rnЏулија Плечер од Германија е жената која може да истрча 100 метри за 14,531 секунди, носејќи високи потпетици на нозете.
rn
Најголемата колекција правосмукалки
rnБританецот Џејмс Браун поседува 332 различни модели правосмукалки, што е доволно за тој да се најде во книгата, како најголем колекционер.
rn
Најмалото куче на светот
rnНајмалото куче во светот во однос на висина, е чивавата Мили, која е висока само 9,65 сантиметри од нозете до грбот, а нејзин сопственик е Порториканката Ванеса Семлер.
rn
Најголемата колекција предмети од „Star Wars“
rnСтив Сансвит е човекот на кој можат да му позавидат сите фанови на Star Wars. Тој има собрано околу 300.000 предмети инспирирани од франшизата. Во каталогот досега се утврдени точно 68.592 предмети што сепак го прави рекордер.
rn
Најголемиот робот што се движи
rnНајголемиот робот што оди е висок 8,20 м, широк 12,33, а долг 15,72 м. Го направила компанијата „Zollner Elektronik AG“ од Германија.
rn
Најдолга дестинација која ја поминала една коза на скејтборд
rnЕдна коза на скејтборд извозела повеќе од која било друга и поминала цели 36 метри. Нејзиното име е Хепи од Флорида, а далечината ја поминала за 25 секунди.
rn
Мачката со најдолго крзно во светот
rnПолковникот Мјау (Colonel Meow) доби награда за најдолго крзно на мачка што е запишано во Гинисовата книга на рекорди за 2014 година. Неговото крзно во просек е долго 23 см (9 инчи), а потребно било 3 ветеринари независно да измерат по 10 влакна… Прочитај повеќе
rn
Најниското лимбо-скејтање
rnМладиот Индиец Рохан Аџит Кокни постави нов Гинисов рекорд за најниско „лимбо скејтање“ под пречка, со висина од 25 см, на далечина од 10 м.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
