Бременоста е магично искуство, но таа со себе носи и стравови кои голем дел од трудниците ги чувствуваат во текот на овие 9 месеци. Идните мајки, особено ако станува збор за прва бременост, често се плашат дали сè ќе биде во ред со бременоста и бебето. Големи се шансите дека ќе биде сè во ред, особено доколку здраво се исхрануваат, доволно се движат и внимаваат на пренаталната грижа. Токму затоа и сите трудници треба да престанат да се плашат за следниве 5 нешта и да почнат да уживаат во нивното ново искуство.rnrn
rn
1. Спонтан абортус
rnНајголемиот број од спонтаните абортуси се случуваат во првите 10 до 12 недели од бременоста и не можат да бидат спречени бидејќи најчесто станува збор за случајни генетски абнормалности. Токму затоа и нема смисла постојано да сте фокусирани на овој страв.rnrnЗа да бидете сигурни, ризикот од спонтан абортус може да се намали со избегнување никотин и општо одржување на телесната тежина. Крвавењето и болките во раниот период од бременоста се знаци поради кои би требало веднаш да се обратите на доктор.rnrnВо случај навистина да доживеете спонтан абортус, тоа не значи дека имате поголеми шанси да го искусите истото и со наредната бременост.rn
2. Удар во стомак и повреда на детето
rnСкоро е невозможно да го повредите детето со удар во стомакот бидејќи фетусот е опкружен со голема количина амнионска течност која го штити.rn
3. Прерано породување
rnПоголема можност за прерано породување постои кај оние жени кои веќе родиле дете пред терминот, кај жените кои носат близнаци или повеќе бебиња, како и кај оние кои пука мембраната или настанува крвавење. Во секој случај никој не може да предвиди дали ќе дојде до прерано породување.rnrnВо околу 10% од сите бремености се случува прерано породување, а таа опасност може да се спречи така што за време на овие 9 месеци жената не се здебели многу и го држи под контрола крвниот притисок и дијабетесот. Токму овие 2 здравствени проблеми најчесто предизвикуваат прерано породување.rnrnЕдна просечна жена, со добро здравје, воопшто не треба да се грижи дека ќе има какви било знаци за породување пред 37-та недела.rn
4. Папочна врвка замотана околу бебешкото вратче
rnВо дури 25% од бременостите се случува папочната врвка да се замота околу вратот на бебето, но тоа не е знак за паника. Амнионската течност овозможува доволно простор помеѓу папочната врвка и вратот на детето за тоа да може слободно да дише.rnrnСе случува папочната врвка да се замота околу вратот на бебето неколку пати, притоа предизвикувајќи проблем, но тоа се многу ретки случаи и шансите да ви се случи токму вам се скоро непостоечки.rn
5. Итен царски рез
rnИтниот царски рез е потребен доколку отчукувањата на срцето на бебето не се доволно силни, доколку постелицата се одвои од ѕидот на матката или пак, ако настанат проблеми со папочната врвка. Но, сите овие случаи се премногу ретки. Најголемиот број породувања поминуваат без никаков проблем, па токму затоа и нема потреба постојано да се грижите за тоа.