Рабл е мачор од Ексетер, Англија и моментално е нарекуван најстариот мачор на светот, бидејќи неодамна го прославил својот 30-ти роденден. Рабл и неговата сопственичка Мишел Фостер биле најдобри пријатели уште откога го добила на подарок за нејзиниот 20-ти роденден во мај, 1988-ма година.rnrn
rnrnМишел верува дека тајната за долговечноста на Рабл е фактот дека го гледала како да е дете. Таа никогаш немала деца, па Рабл добива многу грижа и внимание.rnrn
rn
„Тој е прекрасен мачор, сепак малку се мурти поради староста. Има многу живот во него, но не мислам дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Нема да сака да доаѓаат многу луѓе да го гледаат и да прават галама за него. Сега е стар и не сака премногу внимание.“
rn
rnrnНајстариот мачор на сите времиња е Крем Паф кој бил роден на 3-ти август 1967-ма и живеел до 6-ти август 2005-та година. Мачорот живеел неверојатни 38 години и 3 дена.rnrn
rnrnРабл има уште многу пред да го помине рекордот, но Мишел е навистина горда на него. Таа се сеќавала на нејзиниот 20-ти роденден многу добро.rnrn
rn
„Тој беше дел од мачило што го имаше пријателка на сестра ми. Само што излегов од дома. Бев осамена бидејќи живеев сама, па го земав него. Многу е лојален. Живеевме во Лондон и многу се селевме.“
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
