Вашето однесување на социјалните мрежи може да ги одбие момците. Дали некогаш сте се запрашале што тие не сакаат да видат на нашите профили на социјалните мрежи? Момците се согласија и искрено ни одговорија. Ова се работите кои не можат да ги поднесат.rnrn
rn
1. Премногу селфи фотографии
rnПо некоја селфи фотографија е сосема во ред, но целиот профил со скоро исти фотографии остава лош впечаток. Бидете повеќе креативни кога се фотографирате.rn
2. Приватни драми
rnНе морате секој ваш проблем да го споделите јавно. Задржите нешто за себе или во рамки на разговорот со вашите пријателки кога ќе излезете на кафе. Во спротивно, ќе го преплашите.rnrn
rn
3. Хаштагови
rnСите ние сакаме лајкови и нови следбеници, но тоа воопшто не значи дека под секоја фотографија мора да има 1.000 хаштагови. Колку време потрошивте додека ги напишавте сите?rn
4. Претерана активност
rnПравите ли нешто друго во животот, освен што „висите“ на социјалните мрежи? Така излегува дека не правите ништо друго во животот, освен што висите на Фејсбук, што се гледа по вашите 30 објави на ден, 100-те слики кои ги лајкнувате секојдневно… Тој ќе знае дека сте без обврски и дека немате некоја попаметна работа во животот, а никој не сака залудни девојки.