КАФЕ ПАУЗА

Истражувањата откриваат: Зошто е добро да јадете сами во ресторан?

Многумина сметаат дека јадењето во самотија и тишина е тажно или срамно, но за други тоа е омилен начин за релаксирање по напорен ден. Имено, во едно истражување што било објавено во списанието Форбс, се докажало дека личностите што преферираат да јадат сами имаат повисока самодоверба и повеќе го ценат сопственото време.rnrnrnrnЗа целите на истражувањето била споделена анкета помеѓу луѓе на возраст од 25 до 34 години што имала многу позитивен исход – дури 80% од луѓето изјавиле дека уживаат во сопственото друштво и воопшто не им е непријатно да излезат во ресторан на вечера без партнер, пријател или некоја друга личност.rnrnОд друга страна пак, мал процент луѓе одговориле дека попрво би ги гледале 5-те најстрашни хорор филмови, еден по друг, наместо да излезат на ручек или вечера без присуство на друга личност.rnrnВодечкиот истражувач изјавил дека личностите што често јадат сами се помалку склони на депресија и дека би било одлично доколку сите го сменат своето сфаќање за оваа активност. Јадењето без друштво во ресторан не треба да се поврзува со осаменост, туку со квалитетно поминато време со себе.rnrnДознајте и што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета.