Видеото од гостувањето на Мерил Стрип во шоуто на Елен ќе ве изнасмее до солзи. Актерката има играно многу различни улоги во својата кариера и очигледно не ѝ било проблем да влезе во секој од тие карактери. Елен сака да ѝ го докаже тоа на јавноста на многу интересен начин.rnrn
rnrnПрвата задача е да прочита рецепт со секси глас, втората – да чита сообраќаен извештај како жена со предпородилни болки, додека последниот предизвик е да биде тинејџер во фаза кога сè во животот му пречи, притоа читајќи статија од Википедија. rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.