Што беше најпопуларно на Кафе пауза минатата недела?
rn
1. Астрологијата и ерогените зони
rnНекои астролози го поврзуваат секој хороскопски знак со одреден дел од телото, кој е најчувствителен кај секој од нив. Сакате да добиете божествен водич за „жешките точки“ на вашиот љубовен партнер? Секако дека сакате, бидејќи дознавајќи ги оние зони кои му даваат најголемо задоволство на вашиот/вашата љубен/а, може да донесе многу секси и неочекувани резултати.rn.rn
2. 7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук
rnВо последниве неколку години, комуникацијата преку Фејсбук сосема го промени начинот на живот. Наместо да излеземе надвор, воздух да не фати, дремеме пред нашите компјутери и гледаме што денес објавиле нашите „пријатели“ на нивните Фејсбук-профили. Наместо да се јавиме некому на мобилен или да му испратиме СМС порака, му праќаме приватна порака на Фејсбук и очекуваме веднаш да ни врати без разлика што не знаеме дали таа личност моментално е на Интернет. Навиките и вредностите се менуваат од корен, но без разлика на реалноста, доколку сакате да одржувате добра комуникација и односи со вашите пријатели, секогаш треба да имате на ум, што НЕ треба да правите на Фејсбук. Во продолжение следуваат 7 причини поради кои интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата.rn.rn
3. Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите
rnСнимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rn.rn
4. 10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете
rnОформувањето сопствен стил на облекување кој ќе направи да се чувствуваме убаво во нашата кожа, воопшто не е лесна работа. Плус, проблемот не се состои само во тоа како сакаме да изгледаме, туку како секојдневно да умееме да ги искомбинираме различните парчиња облека, чевли, чанти, накит со кои располагаме, а притоа да бидеме постојано различни, уникатни и убаво дотерани за секоја пригода. Во секој случај, што и да облечете, секогаш имајте на ум дека следниве 10 модни катастрофи не треба да бидат дел од вашиот имиџ.rn.rn
5. Астролошки профил на родените во знакот овен
rn(20 март – 20 април) Овенот е храбра и моќна индивидуа на која можете да сметате во секоја ситуација. Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста. Во еден момент можете да гледате како некој овен работи концентрирано на некој проект, а во друг момент можете и воопшто да не го видите бидејќи тој се качил на авион за да отпатува на некоја импровизирана дестинација.
