КАФЕ ПАУЗА

Медитацијата може да ви го подобри сексуалниот живот

Медитацијата може да ви го подобри сексуалниот живот

Медитацијата има одлично влијание на нашите тело и дух. Оваа активност ја намалува анксиозноста, ја ублажува депресијата, ве опушта, ве ослободува од грижите и е добра и за физичкото тело. Но изгледа дека од медитацијата има уште една придобивка – таа го подобрува сексуалниот живот.rnrnМедитацијата може да ви го подобри сексуалниот животrnrnЕдно истражување покажало дека жените кои медитираат имаат подобар секс од оние кои не медитираат. Во истражувањето учествувале 451 жена на возраст од 19 до 70 години.rnrnИспитаниците одговарале прашања за нивните навики, животен стил и сексуален живот. Се покажало дека жените кои медитираат се чувствуваат подобро во своето тело и подобро реагираат на стимулите, бидејќи имаат посилни и почести оргазми, а имаат и поголема желба за секс.rnrnОна што останало непознато од истражувањето е колку долго и колку често треба да медитираат жените за да го подобрат нивниот сексуален живот. Бидејќи и по само 10-минутна медитација ќе се чувствувате многу подобро, веројатно не треба да одвоите многу од слободното време за да го подобрите сексуалниот живот.rnrnСе разбира, медитацијата има добро влијание и врз мажите, па се препорачува да ја пробаат и тие со цел да ги подобрат менталното и физичкото здравје, но и нивниот сексуален живот.rnrnДали би сакале да пробате оргазмичка медитација?