ТВ серија за 4 личности кои имаат фобија од љубовни врски и кои ненадејно ќе се спријателат
rn
Главни улоги: Беки Њутон, Закари Најтон, Мира Роит Кумбани, Нејт ТоренсrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Мајкл Џ. ВитхорнrnrnПремиера: 31 март 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 22 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за забавна и лесна ТВ серија која е одличен избор за оние моменти кога сакате да се опуштите од напорниот ден на факултет или на работа и малку да се насмеете и расположите. Приказната се врти околу животот на Керин, Стеш, Зара и Ерик кои на прв поглед не се разликуваат многу од останатите луѓе, но доколку подобри ги запознаете веднаш ќе сфатите дека тие имаат една заедничка карактеристика која ги одвојува од останатите – ниту еден од нив не е способен да одржи долготрајна љубовна врска.rnrn
rnrnКерин има шанса за брак, со познат доктор, но таа не чувствува никаква страст помеѓу нив и токму затоа го одбива. Таа постојано паѓа на лоши момци и тоа е една од причините зошто не била во врска повеќе од неколку недели. Стеш е типичен женкар, кој знае како да ја заведе секоја девојка која ќе ја сретне и лесно да ја одведе во кревет. Зара е девојка која верува дека како и сè останато, така и љубовта има рок на траење. Додека таа трае е одлична, но секогаш доаѓа момент кога одеднаш исчезнува и потоа доаѓа време да се продолжи понатаму. Ни останува уште Ерик, кој е голем чудак. Тој е антисоцијален и единствениот пријател кој некогаш го имал е неговиот татко.rnrn
rnrnПо сплет на околности овие 4 сосема различни личности ќе се спријателат и ќе почнат да имаат големо меѓусебно влијание врз нивниот живот. Секој од нив има своја различна приказна зошто се плаши од љубовта и зошто не е способен да одржи долготрајна врска, па токму тие разлики ќе им покажат една сосема нова перспектива на животот, пријателството и љубовта. Тие заедно ќе растат и ќе се развиваат, па по низа подеми и падови полека ќе почнат да сфаќаат што е она што најмногу вреди во животот. На комичен начин, секако.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
