Кога сакате да вдомите маче одите во прифатилиште за животни, но кога сте во Канада може тоа да го направите и во „Otis & Clementine’s Books and Coffee“, книжарница во Нова Шкотска, која има иновативен пристап во убедувањето на луѓето да ги спасат мачињата.rnrn
rnrnСекој кој ќе влезе да купи добра книга, ќе забележи нешто необично и многу симпатично. Мачиња на сите страни! Тие можеби читаат и книги додека никој не ги гледа!rnrn
rnrnМачиња биле преземени од прифатилиште за животни со надеж дека љубителите на книги ќе се вљубат во нив и нема да можат да му одолеат на предизвикот, а да не ги однесат дома. Просторот во книжарницата им овозможува на мачињата да се дружат и да се навикнуваат на луѓето.rnrn
rnrnСопственичката на продавницата, Елен Хелмке, започнала да вдомува мачиња, откако сфатила дека има простор во книжарницата кој може да се искористи. Со малите мачиња се и нивните мајки. Досега купувачите вдомиле околу 30 од нив.rnrn
rnrnТаа вели дека луѓето почнале да доаѓаат специјално за да си земат маче, а некои од нив доаѓале за да си купат книга, па случајно наидувале и на мачињата. Во секој случај, решението е навистина одлично – кој не сака мачиња, нели?rnrnПогледете ги и преостанатите фотографии од овие од овие преслатки мачиња на следната страница…rnrn
Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат
