Холивуд е преполн со згодни актерки, пејачи и манекенки. Сите луѓе сакаат да ја откријат тајната на нивниот добар изглед, но тоа не е баш лесна мисија. Притисокот под кој се наоѓаат славните личности, често ги тера да се одлучат за многу екстремни диети. Притисокот поради недоволно време, а поголем број килограми кои треба да се изгубат, најчесто резултира со погрешна одлука.rnrn
Натали Портман: бадеми и моркови
rnЗа да го постигне изгледот на вистинска балерина, за потребите на филмот „Црниот лебед“, таа се изгладнувала. Актерката за време на снимањето, кое отприлика траело една година, јадела само бадеми и моркови. Иако нејзината посветеност заслужува пофалби, истражувањата предупредуваат на негативните ефекти од недоволно јадење. Помеѓу останатото, изгладнувањето доведува до губење на коскената срж, паѓање на имунитетот, оштетувања на мозокот и срцето. Тоа е превисока цена, за Оскарот кој на крај го освои Портман.
rn
Бијонсе: течна храна
rnТаа беше фантастична во мјузиклот „Dreamgirls”. За да биде во одлична форма при одигрувањето на улогата, таа се ставила на ригорозна диета. Пејачката јадела само течна храна и за три недели изгубила девет килограми. Лекарите предупредуваат дека екстремно ниското внесување на калории за кое се одлучила Бијонсе е многу штетно за организмот. Таа признала дека била многу нервозна за време на детоксикацијата и дека по завршувањето на диетата многу брзо ги вратила килограмите.
rn
Рене Зелвегер: јо-јо диета
rnТаа ги воодушеви сите нејзини фанови со улогата на Бриџит Џоунс, во серијалот за оваа несекојдневна жена. Но, по двојното губење и враќање на килограмите со јо-јо диетата, таа не воодушевува со своето тело. Експертите истакнуваат дека јо-јо диетите имаат и физички и психички последици по здравјето на луѓето. Штетните ризици се зголемен ризик од инфаркт, мозочен удар, камен во бубрег, дијабетес, депресија и енормно зголемување на килограмите.
rn
Деми Мур: пореметување на исхраната
rnНавистина беше тешко да не се забележи дека Деми Мур губеше сè повеќе и повеќе килограми кога почнаа да се шират гласините за неверството на Ештон. Еден нутриционист за нејзиниот изглед искоментирал дека е резултат на неумерено вежбање и ниско внесување на калории, што довело до сериозно пореметување во исхраната.
rn
Меган Фокс: изгладнување кое ѝ го одзеде здравјето
rnТаа ја шокираше јавноста со своето драстично губење на килограмите. Сепак, подоцна актерката призна за своите пропусти и кажа дека живеела нездраво изгладнувајќи се. Мислејќи дека така ќе изгледа подобро, почнала да ѝ паѓа косата, а како резултат од изгладнувањето дошло и до појава на депресија.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
